Достапни линкови

Домашните туристи само ја ублажија штетата во туризмот


Илустрација. Охрид
Илустрација. Охрид

Домашните туристички дестинации беа многу посетени ова лето од македонските граѓани, но тешко е да се каже колку домашните туристи може да ја надоместат штетата во туризмот поради коронавирусот, велат туристичките работници. Падот во приливот во туризмот е 34, 38 проценти.

Поради недоаѓањето на странски гости туризмот во Македонија претрпе штети, но колкави ќе бидат тоа ќе се знае на крајот од септември кога ќе заврши сезоната , велат туристичките работници.

Според Државниот завод за статистика за првиот квартал од годината вкупниот пад од приливот од туризмот во државната каса е 34, 38 проценти.

Во Охрид, кој традиционалано е најатрактивна домашна дестинација, според Асоцијацијата на хотелиери во Мaкедонија(ХОТАМ) странски туристи имаше единствено од регионот, но нивниот број е занемарлив.

Изостана доаѓањето на Холанѓаните, Германците и другите традиционални гости од странство поради рестрикциите со кои Македонија беше прогласена за ризична земја.

Сетоа ова ја смени структурата на гостите па така во Охрид преовладуваше домашниот туризам, а за оваа дестинација најмногу се определија младите луѓе. Втората половина на јули па се до крајот на август и покрај епидемијата и појаватата на нови жаришта на зараза кои ги следеа нови рестрикции поминаа во знакот на голем број туристи.

Што велат домашните туристи?

18 годишната Ива Ромевска од Скопје со своето семејството пет дена престојувале во Охрид во почетокот на јули кога епидемиолошата слика во земјава беше подобра. Таа е задоволна од нејзиниот престој во Охрид. Како што вели дома се чувствувале по сигурно по прашање на зараза од корона висус со оглед дека не треба да се минуваат граници, а сигурноста е главен адут сега на туристичките дестинации.

Домашните и гостите од регионот - спас за туризмот
please wait

No media source currently available

0:00 0:13:08 0:00

"Моите малку се мислеа зашто има пандемија, но бевме на пет дена и се вративме. Бевме пред да се зголеми бројот на заразени и немаваме грижа На плажите тогаш немаше гужви, убаво беше, езерото беше како море Инаку, порано одевме во Грција" вели Ива Ромевска.

Ива вели дека во ниту еден момент не се почувствувала поизложена на ризизик од вирусот во Охрид колку што е и дома во Скопје. Меѓутоа 33 годишен скопјанец кој бил на летување во август вели дека сликата тогаш била поинаква и тој како и многу други граѓани не е задоволен од тоа што младите кои во најголем број престојуваа во Охрид не се придржувале до носењето маска и држење физичко растојаније. Тоа можело особено да се забележи на шеталиштето во вечерните часови. Тој вели дека проблемот не е само во луѓето туку и во надлежните институции кои треба да реагираат и дополнува дека тој бил подготвен за да се заштити.

"Во однос на вирусот не видов многу заштини мерки како на пример носење на маски. На плажите не се носеа маски. Избегнував да бидам во контакат со многу луѓе и држев дистанца. Сам се придржував до мерките. Имаше најмногу млади луѓе, но незнама дали не беа едуцирани, не користеа маски. Инаку од Охрид бев задоволен и од услугата и од понудата како дестинација. Претежно имаше домашни туристи, навечер шеталиштето беше полно, преку ден беше редуцирано"

Мартина Илиевска која има 21 година вели дека таа и нејзиното семејство не се чувствувале сигурни да заминат на летување па плановите ги одложиле за натаму.

"Не бев на одмор , короната ме спречи. Дел од пријателките беа во Охрид, но јас одлучив дека з а мојата и за безбедноста на семејството е подобро да не одам. Прва година ми е да не одам, но оставивме за наредната да одиме комплетно без страв, барем се надеваме. Инаку размислуваме меѓу Албанија и Охрид како дестинации , но на крај останавме во Скопје Моите пријатели беа во Oхрид добро си проминале иако имало гужва затоа што најголем дел од луѓето беа таму" вели Мартина Илиевска.

Ова лето македонските граѓани можеа да заминат на летување надвор од земјава единствено во Албанија и во Турција кои не ги затворија границите. Тоа не го направи Грција која претставува најпосетена странска дестинција за македонските туристи, меѓу другото и поради близината на границите.

Охрид, Дојран, Струга ако нема опција друга

Тоа влијаеше охридско-струшкото крајбрежје како и некои останатите домашните туристички дестинации да бидат многу посетени ова лето од македонските граѓани, но тешко е да се каже колку домашните туристи може да ја надоместат штетата во туризмот поради коронавирусот. Секако дека домашните туристи ја намалија штетата, но тоа не е доволно, вели Крсте Блажевски од Асоцијацијата на хотелиери. Тој посочува дека за над 90 проценти е намален бројот на странски туристи со оглед дека мерките против ширење на коронавирусот ги запреа меѓународните патувања. Единствени гости од странство беа посетители од дијаспората, но и тие дојдоа во помал број. Од регионот пак во мал број имаше гости од Србија и од Албанија. Тој дополнува дека изостанало и организирањето на семинари и оти и тоа влијае негативно врз туристичките работници.

„Почетокот на јули исполнетоста не беше на највисоко ниво, но од 10 јули до август и последниот викенд хотелите беа исполнети околу 90 проценти. Плажите беа полни, а некои и повеќе од препишаните протоколи. Тој дел од туризмот со плажи и капацитети беше добро исполнет, но ни фалеа странските гости. Тоа особено го почувствуваа рестораните и вработените кои организираат екскурзии. Нашите туристи не се навикнати да земаат такви тури. Кај нив падот беше голем „ вели Крсте Блажевски од ХОТАМ.

Турстичките работници велат дека и Маврово, Шапка, Крушево, Берово како и некои помалку познати планински села беа многу поинтересни и претставуваа нови дестинации за домашаните гости. Па така може да се каже дека некои планински села во земјата го претркаа Скопје по бројот на ноќевања што е очекувано во вакви околности.

Некои планински села го претркаа Скопје

Емил Димитровски, претседател на Стопанската комора за туризам вели дека домашните туристи ја намалија штетата, но оти има големи штети во одност на девизниот прилив. Тој укажува дека за разлика од хотелите во Охрид и Струга , хотелите во Скопје, Битола и други градови имаат загуба зашто немаат никакви вложувања, а некои се и затворени.

„Минусот е 35 проценти во споредба со лани, зборувам за пополнетост на хотелите во Македонија. Тоа главно се должи на скопските и другите хотели низ градовите кои се затворени зашто нема странски гости. Август беше преполн од македонски туристи кои "нагрнаа" претежно во Охрид, Струга и Дојран, ама не може пет месеци неработње на хотелите да се сведе на месец и половина работа со домашни туристи. Оваа миграција е на домашни туристи, најголем дел од тие што одеа во Грција, Турција и Египет се пренасочија тука. 20 илјади ваучери што ги додели владата се искористени. Јасна е состојбата, туризмот трпи големи штети. Ублажувањето е тоа што домашните туристи се пренасочија во Македонија, но девизниот прилив е намален . Тоа се резултатите од ковид 19“ вели Емил Димитровски.

Тој оценува дека за голем дел од хотелите состојбата не е добро и оти тие имаат загуба, потсетувајќи дека некои од нив ги спуштијата и цените за гостите.

Туристичките работници пак во неколку наврата реагираа и укажуваа на многу проблеми со кој се соочуваат поради корона вирусот и мерките во светот кои ги запреа во многу земји меѓународните патувања. Освен што побараа поддршка од државата, предложија и конкретни мерки за надминување или барем ублажување на ситуацијата.

Отворање на границите за спас на летната сезона

Љупчо Јаневски од Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот во Македонија вели дека засега имаат податоци за прват половина од 2020 година.

„Според Државниот завод за статистика падот во приливот во туризмот е 34, 38 проценти Во првата половина лани сме имале 153, 89 милиони долари, а 2020 за овој период 100 милиони и 98 илјади долари Вториот квартал и не го работевме. Се надеваме во третиот квартал да влеземе во кондиција како во 2019. Според наша проценка за 2020 очекувам вкупниот пад да биде меѓу 30 и 40 проценти во туризмот, односно приливот од туризмот во државната каса да биде меѓу 250 и 300 милиони долари „ вели Љупчо Јаневски од Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот во Македонија

Инаку во јуни владата донесе повеќе сета на мерки во вредност од 500 милиони евра наменети за помош на компаниите и граѓаните со цел да ја пребродат кризата предизвикана од вирусот. Мерките ,меѓу другото, вклучуваа ваучери за туризам во износ од 6 илјади денари за вработените со мали плати, кој граѓаните може да го искористат во сите категоризирани угостителско – туристички објекти во земјава од 15 јули до 15 декември

Од Агенцијата за промоција на туризмот наведуваат дека досега се искористени околу 20 илјади ваучери, а издадени се 100 илјади. Од таму додаваат дека очекува од 30 до 40 проценти пополнетост на домашните капациттети во наредниот период.

Како и да е и до крајот на летната сезоната нема најава дека ќе биде отворена Грција како традиционално најпосетена странска дестинција од македонските граѓани. Но според дел од хотелиерите во Охрид тоа нема да донесе нов поголем број на домашни туристи со оглед дека капацитетите од овој викенд почнаа значително да се празнат.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG