Достапни линкови

Индивидуализмот во пандемија е опасен?


Протест против владините мерки за спречување на ширењето на коронавирусот во Берлин на 29 август 2020

Карантинот и другите мерки за физичко дистанцирање, воведени низ целиот свет во обидот да се запре пандемијата со ковид-19, ги смени нашите животи, донесувајќи ограничувања на активностите што некогаш беа секојдневни. Но, секогаш има некои луѓе кои не играат според правилата.

Кршењето на правилата не е нешто ново, но научниците велат дека оваа појава се влошува во тековната пандемија на коронавирусот. Културните, демографските и психолошките фактори можат да ги направат „непослушните“ да изгледаат посебични и поопасни.

Еве еден пример кога на состанок во Палм Бич на Флорида една жена жестоко се спротивстави на носењето маски за лице:

„Од каде добивте овластување да го регулирате човековото дишење? Ова ве прашувам затоа што ова е многу важно, сите играте лекари, а вие не сте. Бог ни го даде самиот здив за да дишеме. Јас исто така би сакала да знам од каде добивте овластување да го намалите мојот кислород“, праша таа.

Студијата предводена од Александар Чудик, советник за економска политика и аналитичар во Банката на федерални резерви, покажа дека доброволното прифаќање на рестриктивните мерки е помалку ефикасно од оние што се санкционирани од владата. Притоа е заклучено дека прифаќањето на мерките варира во некои земји во зависност од политичките ставови и медиумите што ги користат поединците.

Клучен фактор е индивидуализмот наспроти колективизмот, вели Џеј Ван Бавел, вонреден професор по психологија на универзитетот во Њујорк за новинската агенција Ројтерс:

„Некои земји како Соединетите Држави, Велика Британија и Канада имаат тенденција повеќе да преминуваат на индивидуализам, а тоа е поради изразувањето на чувството на идентитет и кој сте како поединец“, вели тој.

Луѓето во индивидуалистичка култура, како што вели Бовел, имаат тенденција да ги отфрлаат правилата и да ги игнорираат обидите на јавните здравствени власти кои порачуваат дека станува збор за ризик. Во колективистичките култури, сепак, луѓето веројатно ќе го направат она што е најдобро за групата.

Индивидуализмот е опасен во пандемија?
please wait

No media source currently available

0:00 0:04:39 0:00

„Во земјите - особено Источна Азија е добар пример - кои се колективистички, луѓето веројатно ќе го направат она што го прават другите луѓе за да се обидат да се вклопат и да направат што е најдобро за групата“, вели тој.

И други инстинкти исто така играат значително влијание врз човековото однесување. На пример, во општества со поголема политичка поделеност, луѓето имаат помала доверба во советите од едната или другата страна, а исто така во овие земји има тенденција да се формираат про и анти-кампови. Но, зошто физичкото дистанцирање е толку тешко за повеќето од нас?

„Ние сме навистина социјални животни“, вели Ван Бавел, додавајќи:

„Нашите тела и мозоци се дизајнирани да бидат поврзани, а пандемијата на многу начини оди против нашите инстинкти на поврзување“, вели тој.

Ова е делумно и поради тоа што локални епидемии можат да се појават во барови и ноќни клубови или на верски церемонии, свадби и забави.

„Луѓето тешко се спротивставуваат на таквата тенденција за социјална и групна врска? Многу од нашите навики и однесувања се длабоко вкоренети во нас затоа што ние ги правевме уште кога сме биле мали деца и тие се автоматски реакции кои не водат да се дружиме со луѓе на одредени начини. Луѓето се спротивставуваат, бидејќи сè се случува премногу брзо за нив“, наведува Бавел, за предизвикот да се добие масовна усогласеност со овие нови политики, иако знаеме дека е навистина клучно да се прават некои работи за време на пандемија, како на пример да се носи заштитна маска за лице.

„Значи, она што ние се обидуваме да го направиме, е да смениме нешто што вообичаено би го менувале со години и да го сториме тоа во текот на денови или недели“, наведува ван Бовел.

Неодамнешните истражувања покажаа дека сето ова сугерира оти „ефектите од пандемијата одат многу подалеку од непосредните здравствени проблеми“, што доведува до еден вид „нова нормалност“ која „веројатно ќе обликува како општествата ќе излезат од пандемијата“.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG