Достапни линкови

Уште 2 починати и 18 новозаразени од коронавирус во Македонија


Клиника за инфективни болести во Скопје

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести во Скопје почина едно лице од Куманово на возраст од 73 години, а во својот стан во Кавадарци е пронајдено починато лице на возраст од 44 години, кај кого посмртно е земен брис од кој се потврдило присуство на коронавирусот.

Од Клиниката за инфективни и фебрилни состојби во Скопје денеска се испишани 5 оздравени пациенти, кои по два негативни контролни бриса, во добра општа состојба заминуваат дома. На оваа Клиника примени се 4 нови пациенти, а во моментов се хоспитализирани вкупно 66 пациенти, од кои 7 пациенти се на механичка вентилација.

Во болницата „8 септември“ примени се 4 нови суспектни пациенти на коронавирус. Вкупната бројка на позитивни и суспектни на Ковид-19 во оваа болница е 26 пациенти, од кои 8 се во тешка состојба, а 3 пациенти се на респираторна машина.

Во болницата во Штип нема нови примени пациенти на болничко лекување. Во моментов се хоспитализирани 4 пациенти, од кои 1 пациент со средно –тешка клиничка слика со пневмонија и 3 стабилни. Во болницата во Битола исто така нема прием на нови пациенти. Во моментов 4 пациенти кои се на хоспитален третман се стабилни.

МЗ соопшти и дека во изминатите 24 часа, регистрирани се 18 нови случаи, позитивни на коронавирусот. По градови: Скопје – 7, Куманово – 2, Прилеп – 4, Битола – 2, Кавадарци -1 (починатиот), Крушево – 1 и Кочани -1.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 617 лица. Според местото на живеење, досега случаи на Ковид -19 се регистрирани во: Скопје – 261, Куманово - 130, Дебар – 49, Штип-20, Прилеп – 38, Тетово – 29, Струга – 2,8 Велес – 10, Битола – 8, Охрид – 3, Кавадарци - 3, Гостивар – 4, Гевглелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка-3, Радовиш - 4, Крушево – 3, Кочани – 18.

Според МЗ, во изминатото деноноќие направени се 351 теста. Од нив преку ИЈЗ-185, преку Ветеринарен факултет –19, Авицена –22 , Биотек –25 и Клиника Жан Митрев –100. Досега во земјата се направени 6.230 тестирања на Ковид-19.

Денеска Министерот за здравство Венко Филипче нема да одржи прес-конференција, но одделението за односи со јавност е отворено за сите новинарски прашања и истите ќе бидат одговорени во најкус можен рок.

XS
SM
MD
LG