Достапни линкови

Владата почнува информативни видеосесии „Ковид-19 - прашања и одговори“


Влада на Република Северна Македонија

Владата од денеска почнува со серија информативни видеосесии „КОВИД-19, прашања и одговори”, поврзани со актуелната состојба со здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот КОВИД-19. Информативните видеосесии опфаќаат одговори на актуелни прашања поврзани со најновите мерки кои ги презема Владата на Република Северна Македонија за справување со последиците од инфекцијата, соопшти владината прес-служба.

Во денешната видеосесија „КОВИД-19, прашања и одговори”, за новите рестрикции на движењето за граѓаните на ниво на целата територија, кои почнуваат од денеска, ќе говорат министерот за економија Крешник Бектеши, министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и дополнителната заменичка-министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска.

XS
SM
MD
LG