Достапни линкови

Претседателски избори - прв круг

Граѓаните денеска гласаа на шестите претседателски избори од независноста на земјата. Во трката се тројца кандидати за функцијата - Блерим Река, Гордана Сиљановска Давкова и Стево Пендаровски.


Сумирано

  • - Заврши гласањето на претседателските избори.
  • - Одзивот до 18:30 часот е 39,71%, а гласањето се одвива без проблеми.
  • - Сите гласачки места беа отворени во 7 часот, освен едно во Студеничани.
  • - Право на глас имаат 1.808,131 граѓани, а гласањето го спроведуваат 80 општински изборни комисии на 3480 избирачки места.
  • - За победа во првиот круг на еден од кандидатите му е потребно мнозинство гласови од вкупниот број избирачи, односно 904.066 гласови.
  • - Доколку никој не ги освои потребните гласови денеска, вториот круг гласање е закажан на 5 мај.
08:20 22.4.2019

Оценка на ОБСЕ за претседателските избори

​Меѓународните набљудувачи за претседателските избори во Северна Македонија денеска во 15 часот ќе одржат прес-конференција за да ја претстават својата прелиминарна оценка.

07:59 22.4.2019

Претседателските избори во светските агенции: тесна трка со слаб одѕив

Во Северна Македонија се гласаше за нов претседател на првите избори откако земјата го смени името. Страхувањата за слабиот одѕив остануваа и пред вториот круг закажан за две недели, наведуваат светските новински агенции.

00:45 22.4.2019

Пендаровски и Сиљановска-Давкова во фото финиш

Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова
Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова

И Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска - Давкова прогласија победа на претседателските избори во првиот круг. Пендаровски води со неколку илјади гласови пред Сиљановска - Давкова. Од нивните табори побараа поддршка од гласачите на Блерим Река, кој беше поддржан од Алијансата на Албанците и БЕСА.

23:56 21.4.2019

Деркоски - Изборен ден во добра и мирна атмосфера

Денешниот изборен ден мина во една добра и мирна атмосфера, немаше посериозни забелешки од ниту еден од учесниците во кампањата, а немавме ни посериозни забелешки и од оние кои го набљудуваа процесот, соопшти вечерва на прес-конференција претседателот на ДИК Оливер Дерковски.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG