Достапни линкови

Претседателски избори - прв круг

Граѓаните денеска гласаа на шестите претседателски избори од независноста на земјата. Во трката се тројца кандидати за функцијата - Блерим Река, Гордана Сиљановска Давкова и Стево Пендаровски.

  • - Заврши гласањето на претседателските избори.
  • - Одзивот до 18:30 часот е 39,71%, а гласањето се одвива без проблеми.
  • - Сите гласачки места беа отворени во 7 часот, освен едно во Студеничани.
  • - Право на глас имаат 1.808,131 граѓани, а гласањето го спроведуваат 80 општински изборни комисии на 3480 избирачки места.
  • - За победа во првиот круг на еден од кандидатите му е потребно мнозинство гласови од вкупниот број избирачи, односно 904.066 гласови.
  • - Доколку никој не ги освои потребните гласови денеска, вториот круг гласање е закажан на 5 мај.
08:59 21.4.2019

Северна Македонија избира претседател

Шести претседателски избори. Се гласа од 7 до до 19 часот, за тројцата предложени кандидати. За победа во овој круг се потребни над 900 илјади гласови.

https://www.slobodnaevropa.mk/a/29889344.html

09:05 21.4.2019
Претседателски ибори 2019 - Мојот глас, мое право
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:26 0:00

09:11 21.4.2019

МВР подготвено да обезбеди достојна и безбедна изборна атмосфера

Од МВР велат дека согласно своите надлежности, го следат целиот изборен процес, со цел денот на гласање да мине мирно,

https://www.slobodnaevropa.mk/a/29894166.html

09:16 21.4.2019

Изборите ги следат над 3500 набљудувачи и 13 странски новинари

Гласањето на претседателски избори во Северна Македонија ќе го следат 3094 домашни и 419 странски набљудувачи. Најмногу домашни набљудувачи ќе има невладината МОСТ - 1940.

https://www.slobodnaevropa.mk/a/29894261.html

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG