Достапни линкови

Дали податоците ја даваат вистинската слика за пандемијата?

илустрација
илустрација

Велат дека бројките никогаш не лажат. Но, бидејќи владите ги табелираат податоците за инфекциите и смртните случаи од КОВИД-19, експертите сметаат дека тие веројатно се нецелосни, наводно заради релативниот недоволен број на тестирања за вирусот. Податоците за коронавирус од Иран, Русија и Кина предизвикуваат прашања дали тие земји го покриваат влијанието на пандемијата дома.

Бројките се застрашувачки. Низ целиот свет, бројот на пријавени потврдени случаи на коронавирус е поголем со секој ден. Според следењето што го извршува Универзитетот Џонс Хопкинс, достигна над милион. Но, што ако вистинската бројка е поголема?

Експертите велат дека податоците ни даваат нецелосен портрет на проблемот. Причината? Немањето доволно тестирање.

Некои добро, некои погрешно во борбата со коронавирусот

И тоа можеби не е вина на владите. Многу од заразените не покажуваат симптоми, и затоа не се кандидати за тестирање.

Но, може да има и други проблеми со податоците; имено, некои влади може да го искривуваат за да го намалат обемот на проблемот во нивните земји.

Медиумите во САД на 1 април објавија дека американски официјални претставници веруваат оти Кина го сокрила обемот на коронавирус во својата земја, односно дека кинеските бројки биле „лажни“.

Како и Кина, и Иран беше тешко погоден од пандемијата.

Како светот држи безбедно растојание - низ фотографии

Луѓе стојат во обележани места во ресторан за брза храна во Лондон
1/16 Луѓе стојат во обележани места во ресторан за брза храна во Лондон
Луѓето ширум светот држат безбедно растојание едни од други во обид да го спречат ширењето на коронавирусот.
Цвеќињата нацртани на подот на црквата Ваке во грузискиот главен град Тбилиси, им помагаат на посетителите да држат безбедно растојание.
2/16 Цвеќињата нацртани на подот на црквата Ваке во грузискиот главен град Тбилиси, им помагаат на посетителите да држат безбедно растојание.
Луѓето ширум светот држат безбедно растојание едни од други во обид да го спречат ширењето на коронавирусот.
Собир на жени во иранската покраина Лорестан.
3/16 Собир на жени во иранската покраина Лорестан.
Луѓето ширум светот држат безбедно растојание едни од други во обид да го спречат ширењето на коронавирусот.
Клиенти стојат во одредени места обележани на подот пред продавница за месо и намирници во Исламабад.
4/16 Клиенти стојат во одредени места обележани на подот пред продавница за месо и намирници во Исламабад.
Луѓето ширум светот држат безбедно растојание едни од други во обид да го спречат ширењето на коронавирусот.
Во пакистанскиот град Карачи, линии нацртани со креда се користат за да ги држат луѓето на безбедно растојание. Пакистан ги затвори сите пазари и забрани големи собири за да нема ширење на коронавирусот.
5/16 Во пакистанскиот град Карачи, линии нацртани со креда се користат за да ги држат луѓето на безбедно растојание. Пакистан ги затвори сите пазари и забрани големи собири за да нема ширење на коронавирусот.
Луѓето ширум светот држат безбедно растојание едни од други во обид да го спречат ширењето на коронавирусот.
Луѓе во индискиот град Џаландхар стојат на одредените места за да одржат социјална дистанца додека чекаат да купат зеленчук.
6/16 Луѓе во индискиот град Џаландхар стојат на одредените места за да одржат социјална дистанца додека чекаат да купат зеленчук.
Луѓето ширум светот држат безбедно растојание едни од други во обид да го спречат ширењето на коронавирусот.
Луѓе чекаат на ред за храна во трговски центар во Бангкок, Тајланд
7/16 Луѓе чекаат на ред за храна во трговски центар во Бангкок, Тајланд
Луѓето ширум светот држат безбедно растојание едни од други во обид да го спречат ширењето на коронавирусот.
Знаци кои помагаат во социјалното растојание меѓу купувачите кои чекаат на ред во самопослуга во Остин, Тексас.
8/16 Знаци кои помагаат во социјалното растојание меѓу купувачите кои чекаат на ред во самопослуга во Остин, Тексас.
Луѓето ширум светот држат безбедно растојание едни од други во обид да го спречат ширењето на коронавирусот.
Њујорчани носат маски и одржуваат растојание во долга редица
9/16 Њујорчани носат маски и одржуваат растојание во долга редица
Луѓето ширум светот држат безбедно растојание едни од други во обид да го спречат ширењето на коронавирусот.
Социјално дистанцирање во Хелс Кичен Парк во Њујорк
10/16 Социјално дистанцирање во Хелс Кичен Парк во Њујорк
Луѓето ширум светот држат безбедно растојание едни од други во обид да го спречат ширењето на коронавирусот.
Знаци со креда на пазарот во Оукланд, Калифорнија, ги одржуваат луѓето на безбедно растојание.
11/16 Знаци со креда на пазарот во Оукланд, Калифорнија, ги одржуваат луѓето на безбедно растојание.
Луѓето ширум светот држат безбедно растојание едни од други во обид да го спречат ширењето на коронавирусот.
Купувач стои на одредено безбедно место надвор во Сомервил, Масачусетс. Продавницата<br />
бара од клиентите да ги измијат рацете и им нуди можност да купуваат без да ги допираат производите.
12/16 Купувач стои на одредено безбедно место надвор во Сомервил, Масачусетс. Продавницата
бара од клиентите да ги измијат рацете и им нуди можност да купуваат без да ги допираат производите.
Луѓето ширум светот држат безбедно растојание едни од други во обид да го спречат ширењето на коронавирусот.
Знак поставен во паркот Хјустон, ги потсетува луѓето да практикуваат социјално дистанцирање<br />
&nbsp;
13/16 Знак поставен во паркот Хјустон, ги потсетува луѓето да практикуваат социјално дистанцирање
 
Луѓето ширум светот држат безбедно растојание едни од други во обид да го спречат ширењето на коронавирусот.
Медицински сестри во Лондон на безбедно растојание чекаат да донираат храна. Британскиот премиер Борис Џонсон донесе мерки со кои, меѓу другото, се забрануваат групи од повеќе од две лица.
14/16 Медицински сестри во Лондон на безбедно растојание чекаат да донираат храна. Британскиот премиер Борис Џонсон донесе мерки со кои, меѓу другото, се забрануваат групи од повеќе од две лица.
Луѓето ширум светот држат безбедно растојание едни од други во обид да го спречат ширењето на коронавирусот.
Мерки за социјална оддалеченост во продавница на &bdquo;Теско&ldquo; во Лондон
15/16 Мерки за социјална оддалеченост во продавница на „Теско“ во Лондон
Луѓето ширум светот држат безбедно растојание едни од други во обид да го спречат ширењето на коронавирусот.
Ред на влезот на еден супермаркет во Букурешт, Романија.<br />
&nbsp;
16/16 Ред на влезот на еден супермаркет во Букурешт, Романија.
 
Луѓето ширум светот држат безбедно растојание едни од други во обид да го спречат ширењето на коронавирусот.
Previous slide
Next slide

И, како Пекинг, Техеран е исто така осомничен за местење на бројките, за да не ја влошува тамошната ситуација. Податоците покажуваат дека бројот на потврдени случаи на коронавирус нагло се зголемува со зголемувањето на тестирањето.

Но, дали тоа значи дека инфекциите растат? Не мора. Или како што “Атлантик” неодамна објави:

„Дали САД во моментот доживуваат брз раст на случаи на коронавирус, брз раст на тестирање, или и двете? Одговорот е добро познат: Сè уште не знаеме, и ќе ни треба извесно време за да дознаеме“.

Индија - повеќе тестови, повеќе страв

Додека Соединетите држави ги зголемија тестовите, Индија има поинаков проблем.

Њу Делхи одби да го прошири тестирањето на коронавирус, и покрај критиките дека ограниченото тестирање може да остави случаи на КОВИД-19 неоткриени во втората најнаселена земја во светот.

Баларам Баргава, кој е претседател на индискиот совет за медицински истражувања изјави дека повеќе тестирања ќе создадат „повеќе страв и повеќе параноја“.

Индија - илустрација
Индија - илустрација

На 2 април, Индија - земја со скоро 1,4 милијарди луѓе - имала нешто над 2.000 пријавени потврдени случаи на коронавирус и 58 смртни случаи,

Но, дури и ако владите имаат средства и сакаат да тестираат, не може секогаш да биде јасно кој да биде тестиран.

Тоа е затоа што не секој реагира исто на коронавирусот.

Јармила Разова, главен чешки хигиеничар, изјави дека 40 проценти од луѓето со коронавирус може да немаат никакви симптоми.

Се страхува дека токму овие таканаречени тивки пренесувачи ја поттикнуваат пандемијата.

„Прикриената трансмисија“ не е само реалена, туку е и „главен двигател“ на епидемијата, оценува истражувачот за заразни болести на Универзитетот Колумбија, Џефри Шаман.

Но, дури и кога податоците може да бидат што е можно поблиску до вистинската слика на проблемот, некои влади може да решат да ги искриват.

Кина - „лажни броеви?“

Кина, каде што епидемијата започна кон крајот на декември, објави само околу 82.000 заразени и 3.300 смртни случаи.

За споредба, Соединетите држави пријавиле повеќе од 216.000 заразени и над 5.000 смртни случаи.

Сомнежите дека кинеските броеви се точни, делумно ги разгори сликите со илјадници урни во провинцијата Хубеи, каде што за прв пат беше откриен коронавирусот.

Кина - илустрација
Кина - илустрација

Американските разузнавачки служби во доверлив извештај предаден на Белата куќа наведува дека Кина го криела вистинскиот степен на појавата на коронавирусот.

Официјални претставници одбија да откријат детали од извештајот, бидејќи е таен, велејќи само дека, според извештајот на Блумберг, „јавното известување во Кина за заразени и за смртни случаи е намерно нецелосно“.

Иран - известување?

На Блискиот исток, ниту една земја не е попогодена од Иран.

Исламската република објави околу 47.500 заразени и повеќе од 3.000 смртни случаи.

Сепак, многумина се сомневаат дека бројките што ги објави Иран, познат по својата цензура и недостаток на транспарентност, се ниски.

Претседателот на иранскиот парламент Лариџани заразен со коронавирус

Од почетокот на кризата, членовите на парламентот и локалните власти во некои од најголемите жаришта на коронавирус во земјата соопштија дека вистинскиот број на загинати и заразените е грубо намален од режимот што владее во Иран.

Сателитските слики од средината на март се чини дека прикажуваат масовни гробници што се ископани на подрачјето на градот Ком, каде што се верува дека за прв пат се појавила епидемијата во Иран.

Русија - веродостојни бројки?

Со население од над 144 милиони, Русија објави околу 3.500 потврдени случаи и само 30 смртни случаи.

Иако Русија се пофали дека рано почнала да спроведува тестирања рано и во релативно големи размери, некои експерти велат дека малите бројки можат делумно да се објаснат со алатката за тестирање, изработена од државна лабораторија во сибирскиот град Новосибирск, позната по кратенката Виктор.

Русија - полицајци во Москва
Русија - полицајци во Москва

Руски научен блогер под името PCR News, кој објави дека ги разгледал специфичните протоколи на тестот на лабораторијата вели дека тестот го открива вирусот само ако е над одредено ниво.

На 23 март, московската работна група за коронавирус соопшти дека протоколот за тестирање ќе биде променет, но не е јасно дали овој потег ќе ги убеди скептиците.

Во рамките на самата Русија, Кремљ почна да ги затвора домашните критичари, обвинувајќи ги за ширење дезинформации на социјалните медиуми.

Во почетокот на март, Федералната служба за безбедност на Русија симна вирален пост во која се наведува дека реалниот број на случаи на коронавирус достигнал 20.000 и оти руската влада го крие.

Набргу по овој потег, корисниците на Фејсбук и Инстаграм во Русија започнаа да добиват податоци за коронавирусот кои се поврзани со официјалната веб-страница Роспотребнадзор.

Ширење дезинформации во странство?

Додека Кремљ брза да ја минимизира кризата дома, се чини дека сака да ја промовира во странство.

Оние во ЕУ, што ги следат лажните вести наведуваат дека изворите на промосковските социјалните медиуми промовираат наратив оти Европската унија не успева да се справи со пандемијата и оти е на работ на колапс.

Коронавирусот уште една можност за Русија и Кина да шират дезинформации

Според анализата на “East StratCom Task Force” на Европската унија, тврдењата дека Унијата се распаѓа пред предизвикот на КОВИД-19 се појавиле на социјалните медиуми во сите анализирани региони, вклучувајќи ги и државите на ЕУ и на Источна Европа.

Исто така, се вели дека “Раша тудеј” и Спутник - медиуми финансирани од Кремљ - ги зголемуваат теориите на заговор оти вирусот бил создаден намерно, а Русија и Кина се претставуваат како „одговорни сили“.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG