Достапни линкови

Дали е безбедно да патувате летово?


илустрација

Колку е безбедно да се оди на летување за време на пандемијата со коронавирусот? Д-р Џозеф Ален, асистент професор на универзитетот Харвард, во разговор со Валона Тела, од Косовската редакција на Радио Слободна Европа. препорачува да не го правите тоа, односно да се воздржите од патувања.

„За неколку работи треба да бидете свесни. Една од нив е да имате предвид дека болеста е динамична каде и да сте и каде и да одите. Затоа, пред сè и најважно, е да бидете сигурни дека не патувате на место кое е жариште или можеби не да доаѓате од жариште и ќе го доведете до место каде што го нема вирусот“.

Ова го вели доктор Џозеф Ален од Универзитот Харвард во интервју за Слободна Европа.

Коронавирусот е реалност и така треба да се прифати
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:47 0:00

Според него, притоа е неопходно да се носи маска, да се одржува физичко растојание и да се остане дома ако сте болни.

Полициски час од 80 часа во половина Македонија, забрана за гробишта за Задушница

Исто така е потребно почесто отворање на прозореците, за да се внесе свеж воздух, како и да се дезинфицира колку што е можно повеќе.

Запрашан дали постои начин да се намали ризикот од појава на коронавирус при патување тој вели:

„Не постои такво нешто како нула ризик во сè што правиме во животот и секако не за време на пандемија. Затоа, мислам дека она што луѓето треба да го сторат е да си ги постават овие прашања: Дали е потребно и дали е навистина важно ова патување? Дали има некои постоечки услови што може да ве стават под поголем ризик? Третата работа е навистина важна - Дали сте подготвени да дадете ваш дел за да го контролирате ова: да се држите подалеку од другите, да носите маска и да постапувате одговорно?“

Во врска со тоа дал е потребен заеднички план меѓу државите за отворање на границите или туристичките места, доктор Ален вели дека тоа би било идеално.
„Овој вирус, се разбира, не почитува никакви граници, во никој случај. Значи, ако имаме заеднички план - или барем заеднички збир на принципи и правила за водење - тоа може да трае долго. Навистина нема смисла ако една земја е навистина рестриктивна, а другата земја е навистина лабава. Вирусот едноставно ќе се носи со луѓе, без оглед на нашите национални и меѓународни граници.“

Германците од 15 јуни можат да одат во 29 европски земји

Според професор Ален, најважна е личната одговорност при одењето во ресторани и плажи:

„Националните влади, градовите, градоначалниците се оние што можат да решат кога да отворат. Бизнисите исто така, но лицето или луѓето што одлучуваат кога се отвора економијата е потрошувачот. И така, ако потрошувачот не се чувствува безбедно да оди во ресторан или да оди на плажа, нема да оди. И, ако ги погледнете анкетите, нели, тоа зависи. Некои луѓе навистина не сакаат да прават ништо, а некои велат дека ова не е реално и ќе си живее на еден нормален начин. Мислам дека последниот пристап е малку опасен“.

Доктор Ален додава дека е најважно е да се минимизира бројот на контактии да се преземат основните мерки на претпазливост за да сезадржи нивото на ризик на ниско ниво.

Грчката православна црква: Јогата е неспоива со православната вера

„Ќе биде различно, но ние сме прилично еластични. И мислам дека ќе го поминеме ова. Нема да биде нормално - ќе биде ново нормално. Мислам дека ќе почнеме повторно да ја отвораме економијата. И ќе го кажам ова, знаете дека не мислам дека треба да биде нормално лето. Ние сме среде пандемија. Овој вирус, како што видовме, може да се шири многу брзо. И кога ќе се појави особено тешко на некое место, предизвикува многу болести и смрт. Значи, не треба да биде нормално лето, треба да ги преземеме овие мерки на претпазливост. Не би требало да има тотално повторно отворање на првиот ден и сите да се вратат на она што го правевме во јануари“, вели доктор Џозеф Ален, асистент професор на универзитетот Харвард, во интервју за Радио Слободна Европа.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG