Достапни линкови

Пасоши, државјанство и марихуана - вие коментирате


ИЛустрација - Акција на МВР и ДЕА
ИЛустрација - Акција на МВР и ДЕА

Обвинувања и деманти меѓу опозицијата и власта - аферите за пасошите за криминалци, како и запленетата марихуана во фокусот на вашето внимание на социјалните мрежи на РСЕ.

Јавноста на овие случаји за нелегално издадените пасоши и запленетата марихуана вредна 800.000 евра наголемо реагира на социјалните мрежи во зависност од својата политичка определба и обвинувањата на опозицијата дека зад нив стојкат првите луѓе на власта. На нашата ФБ страница последни „хитови“ се издавањето пасоши со лажни идентитети и на борци од ИСИС, како што тврди претеникот Антонијо Милошоски, и откривањето стотици килограми спакувана марихуана во бело комбе, за кое се тврди дека наводно било сопственост на Трајче Заев братучед на премиерот Заев.

Владата ги демантира наводите на опозициската ВМРО ДПМНЕ дека Спасовски и Заев делеле пасоши на борци од радикалната исламска терористичка организација, а Емини Фети постирал: „Кој ѓавол се тие што сѐ извалкале и сакаат да омаловажуваат, кога веќе еднаш ќе им се каже до тука“. Драги Стојковски предлага: „Тужба, тужба, а не само демант, зашто по сѐ изгледа дека на него (мисли на Милошоски) тоа му е како забава, да ја дефокусира јавноста и да ја замајува... За лажни вести треба да одговара кривично, кривично...“ Рустемов Гугуле тврди: „За Антонијо Милошоски само Шутка е лекот, голема мафија и во Северна Македонија и во Германија“. Роберто Бето Цветковски и Џемал Џафероски имаат друго мислење. Првиот вели: „Не делеле, дебело ги продавале“, а вториот: „Наместо да поправат државата тие уште отворат проблеми, за пари и г...т го даваат...“

Трајче Заев ,исто така, ги демантира тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека ниеден од уапсените не работи во фирма на Заеви, и дека комбето не е сопственост на нивна фирма. Во пост на ФБ пишува дека не избегал, туку службено престојува во Обединетите Арапски Емирати, со цел проширување на работата на македонски компании и стекнување нови партнери за соработка. Драги Јанакиев со подбивен коментар: „Ја па мислех ќе признае! А не беше таков!“ Авди Авдија веројатно сфаќајќи ја подбивната иронија му одговара: „Ако пишаното е точно, во ред? Ако не е, во правна држава лажното се казнува со затвор“.


Неделното интервју на РСЕ е со лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села. Тој, покрај другото изразува сомнеж за предвидениот попис одложен поради пандемијата и потсетува дека „во оваа држава пред 10 години пописот беше прекинат, и ако нешто се случува по втор пат, ќе се случува секогаш“. На нашата ФБ страница има преку 200 коментари, најчесто со изразена меѓуетничка нетрпеливост и, јасно е, поради професионалните стандарди не ги објавуваме.

Села – Се плашиме дека пописот целосно ќе се откаже
please wait

No media source currently available

0:00 0:13:16 0:00

Некои коментари се, така да се каже, попристојни. На пример, Светлана Трбојевиќ му се обраќа на Села: „Не се плашете. Ако не е според Евростат не треба ниту да почне“. Анна Јакимова му порачува: „Не, господине, пописот ќе се заврши, а вие ќе се научите дека со права одат и одговорности, а и американската амбасадорка многу убаво ви објасни“. За тоа што не се знае точната бројка на граѓаните без државјанство, Вајдин Вајдин Зеќири предлага: „Сите што немаат државјанство нека напраат една петиција и нека се запишат, и ќе знаеме колку се без државјанство“. Интересна е полемиката помеѓу Јосевски Јосиф и Седат Мемети. Првиот постирал: „Некои граѓани 30 години данок никаков немаат платено, некои граѓани 15 години не одат на работа и зимаат плата, и тие се
граѓани, нели?“ Седат Мемети пак, со контра на Јосевски: „И некои 5 милијарди ги изнесуват од државата. Некои купуваат државна фирма за без пари или за 50 илјади евра. И тие се граѓани на МКД, нели...“

XS
SM
MD
LG