Достапни линкови

Чие дете си и од која партија си - вие коментирате


Лидерска средба (архива)

Корупција, ситна и крупна, етнички вработувања или квалитет и односите со Бугарија најкоментирани теми на читателите на РСЕ

Половина милион наши граѓани најмалку еднаш подмитиле државен службеник, покажува истражувањето на МЦМС.

Власта признава: ситната корупција - голем проблем

РСЕ консултираше социолози кои велат дека спиралата на корупција нема крај, а власта признава дека ситната корупција е очигледен проблем со кој, најавува, дека ќе се бори, односно допрва ќе осмислува систем за борба против ситната корупција. А вие, почитувани, на нашата ФБ страница ги кажувате вашите искуства. Асим Хусеин, пред 10 дена дал 300 денари „за да ми завршат работа побрзо, ама и частовка за пиво“. Унев Туран, кој очигледно не живее во Македонија, му реплицира: „Е, после никој не ние крив, ние ги научивме така дојди во странство еден цент не ти сакаат“. Зоки Крстевски со иронија се чуди: „Ситната корупција е голем проблем, а крупната корупција мал проблем?! Изгледа така функционира оваа т.н. држава!“ „И ситната и крупната корупција се проблем со кој треба да се соочите и да го решите ако сакате да ја имате довербата на народот“ – им порачува Вера Србиноска на властите.

Неделното интервју на РСЕ е со Фатмир Бесими, новиот министер за финансии, кој зборува и за економски прашања, но исто така вели дека „диверзитетот ќе биде само позитивна вредност во нашата економија“, па го дава примерот дека главен извршен директор во Гугл е Индиец. Игор Војновски експресно му одговара: „Само што тој извршен директор на Гугл, Сундар Пичаи, е таму зашто го бива, а не дека е Индиец“.

Бесими - На краток рок можно е зголемување на јавниот долг
please wait

No media source currently available

0:00 0:13:22 0:00

Кети Забокова му забележува на министерот Бесими: „А за квалитетот нешто да кажете?“ Љупчо Слаѓана Манчеви смета дека „30 години прв услов за вработување е партија, втор услов – чие дете си, квалитетот кој го манда, затоа до овде догуравте“. (Веројатно мисли на државата). Сашко Атанасов постирал уште подиректно: „Приказни за мали деца, веќе со години 1500 Албанци се водат како вработени и земаат плата, а не одат на работа, а човеков попува дека квалитетот да ти бил пресуден“. Венета Коруноска, пак, реагира на кажаното за диврзитетот : „Скроз промашена поента, квалитетот треба да се промовира, различностите да не се ни спомнуваат, ако сакаме на нив да заборавиме“.

Заев-Борисов: Бугарија останува доследна во поддршката за Северна Македонија

Посетителите на ФБ страницата продолжуваат со реакции испровоцирани од заканите дека Бугарија ќе го попречува почетокот на преговорите за членство на Македонија во ЕУ, овој пат, за информацијата дека премиерот Зоран Заев разговарал телефонски со бугарскиот колега, Бојко Борисов, при што Борисов кажал дека Бугарија останува доследна во поддршката за Северна Македонија, како што соопштија од македонската Влада. Зенит Адеми смета дека „Бугарија ни прави лице“, а Горан Новко постирал: „Само политички почетник верува во искрените намери на Бугарите кон Македонците“. Цветелина Димитрова, која според профилот е Бугарка и живее во Варна веројатно повеќе незадоволна од премиерот Борисов, напишала, а нејзиниот пост заради автентичност го пренесуваме на бугарски: „Двама боклука се сабрали“ („Се нашле двајца отпадоци“).

Рустемов Гугуле, кој вели дека живее и работи во Дортмунд, Германија и Павлина Ивановска од Перт, Австралија, се кара со постираното на Рустемов кој го напаѓа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и се радува што бугарскиот премиер во телефонскиот разговор ни дал поддршка, а Ивановска го обвинува дека „Заев му дал пари за тоа“.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG