Достапни линкови

Заев-Борисов: Бугарија останува доследна во поддршката за Северна Македонија


Зоран Заев и Бојко Борисов

Интеграцијата на регионот во ЕУ, Берлинскиот процес и заедничкото успешно претседавање, како и подготовките за претстојниот главен самит кој ќе се одржи во текот на ноември во Софија биле во фокусот на телефонскиот разговор попладнево меѓу премиерите на Северна Македонија и Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов.

Од Владата информираат дека се дискутирало и за организација на скорешна посета на премиерот Заев во Бугарија, како и за заедничко охрабрување на работата на историските комисии за изнаоѓање заеднички решенија прифатливи за двете страни.

„Двајцата премиери разговараа и за заедничката соработка во заштитата од пандемискиот вирус ковид-19, особено имајќи ги предвид искуствата на Бугарија во обезбедувањето заштитна опрема за стручниот персонал и за граѓаните. Беше потенцирана и определбата на премиерите, двете држави и граѓаните за целосно искористување на можностите кои постојат за унапредување на економската соработка“, се вели во соопштението од Владата.

Каракачанов: Ќе кажеме НЕ за меѓувладина седница со Северна Македонија

Османи - Меморандумот на Бугарија отстапува од принципите на Договорот

Борисов истакнал дека Бугарија останува доследна во поддршката на европската иднина на Северна Македонија, при што заедно со премиерот Заев изразија увереност дека двете страни остануваат ангажирани во спроведување на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка.

XS
SM
MD
LG