Мало романско село го чека новиот крал на Британија

1
Овие Романци се собраа на 18 септември за да ја оплакуваат смртта на кралицата Елизабета Втора во дворот на имот во Вискри, Романија.

2
Ендрју Нобл, британскиот амбасадор во Романија, се подготвува да зборува за време на меморијалниот настан на 18 септември во Вискри.
Живописниот двор каде што се одржа меморијалниот настан е во центарот на имотот во сопственост на новиот британски крал Чарлс III, чии врски со романскиот регион Трансилванија се протегаат со децении.

3
Фотографија направена во мај на која тогашниот принц Чарлс зборува со локалното население во Трансилванија.
Чарлс првпат ја посети Трансилванија во 1998 година и рече дека веднаш се заљубил во Романија. Британскиот крал може да ја следи својата лоза наназад до Влад Тепеш, еден од националните херои на Романија, кој бил познат и како „Влад набивачот“ поради неговиот безмилосен однос кон непријателите.

4
Утврдената црква Вискри, селото каде кралот Чарлс III поседува имот.
По неговата посета во 1998 година, тогашниот принц во повеќето години патувал во Романија, обично на пролет. Во видеото од 2020 година, тој рече: „Јас ја запознав и ја сакам толку многу Романија“, додавајќи: „Има уште толку многу што копнеам да истражам“.