Достапни линкови

Лорд Робертсон: Честитки за Протоколот, заедно сме посилни


Поранешниот генерален секретар на НАТО, лорд Џорџ Робертсон, во име на Охридската група, испрати писмо со поддршка по повод ратификацијата на Протоколот за пристаување на Република Северна Македонија во НАТО, од страна на Шпанскиот сенат.

„Кралството на Шпанија го ратификуваше Протоколот за членство во НАТО на Северна Македонија, со што завршија парламентарните процедури во сите 29 земји-членки, и овозможувајќи полноправно членство на вашата земја во неделите што доаѓаат. Одлуката на шпанскиот Сенат беше донесена во екстремно тешки околности поради коронавирусот. Ова само ја потврдува пораката за нашата заедничка визија за иднината, а тоа е дека - Заедно сме посилни“, напишал Робертсон во писмото, во име на Охрдиската група, со честитки за сите чинители во државава што придонесоа во напорите за да се постигне овој долго посакуван резултат.

XS
SM
MD
LG