Достапни линкови

Шпанскиот Сенат го ратификуваше Протоколот за Македонија во НАТО


Архивска фотографија - Кревање на знамето на НАТО пред македонскиот Парламент

Шпанскиот Сенат, без гласови против, пред малку го ратификуваше Пристапниот протокол за НАТО, со што Македонија станува членка на НАТО, бидејќи Шпанија беше последната земја од Алијансата која се чекаше да го ратификува Протоколот. Ратификацијата се следеше во Медија центарот во Владата, а присутни беа министерот за надворешни работи Никола Димитров и шпанскиот амбасадор во земјава, Лоренцо Сера.

Шефот на македонската дипломатија Димитров им се заблагодари на Шпанија, на нејзиниот Сенат и шпанската министерка за надворешни работи што прашањето било ставено на дневен ред во тешки околности и за Шпанија и за светот.

Законот за ратификација на Пристапниот протокол сега треба да биде потпишан од шпанскиот крал, а тоа ќе се случи веројатно наредната недела. Завчера претседателот Стево пендаровски изјави дека лично добил уверување дека шпанскиот крал ќе го потпише Протоколот веднаш штом тој ќе биде изгласан во шпанскиот Сенат.

XS
SM
MD
LG