Краткиот, шарен живот на белградскиот мурал на Путин
Активисти во Србија целосно го покрија муралот на кој се слави рускиот претседател на почетокот на декември. Еве ги различните фази на сликање, вандализам и пребојување низ кои помина сликата од нејзиното појавување во март.

1
Овој мурал се појави на аголот на улицата во центарот на Белград набргу откако Русија ја започна својата инвазија врз Украина на 24 февруари. Сликата го прикажува рускиот претседател Владимир Путин меѓу боите на руското и српското знаме, заедно со српскиот збор „брат“. Вака изгледаше муралот на 5 март.

2
Еден ден подоцна, на 6 март, муралот бил обезличен со црвен спреј.

3
Подоцна истиот ден, сликата беше дополнително вандализирана.

4
На 12 март беше обновен.