Достапни линкови

Ја победивме короната нели!


Герила акција за држење растојание поради корона
Герила акција за држење растојание поради корона

ДИК и изборните резултати како и журките и забавите во време на корона вирусот главни теми на вашите коментари на нашите социјални мрежи.

ДИК ги отфрли сите приговори на неколку партии во врска со резултатите од гласањето на предвремените парламентарни избори, меѓу кои, најмногу од Левица затоа што не биле поднесени со валиден потпис, и соопшти дека изборите „беа регуларни, а ДИК работеше без неправилности“. Сите коментари на нашата ФБ страница се во стилот „Ништо ново“, како што постирала Снежана Лазаркова, „Банда“, како што напишал Марјан Гочевски и тн. Другите четири ваши коментари, почитувани се со непримерен јазик и, според нашите професионални стандарди, не се за објавување.

А граѓаните, барем судејќи според постовите, како сѐ уште да не веруваат дека корона вирусот постои, дека коси не само кај нас, туку буквално во цел свет. Во ноќен клуб во Струмица неколку стотици млади си правеле забави, на фотографиите и видеото објавено, а подоцна симнато од интернет, се гледаат присутни без маски, глава до глава, значи основно непочитување на препораките за заштита за да се спречи ширењето на заразата. Потпишан со Кристијан Адамс забележува зошто „нема кривични пријави за политичари од СДСМ, ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ и други кои славеа на 15 вечерта?“ Па завршува со препораките дека „ Тито на Голи Оток сите камења да кршат, после имало правда....“

Има куп коментари на таканаречените антивакцинери, кои по изјавата на министерот Филипче, дека епидемијата ќе трае до вакцинирање на доволен број луѓе, сметаат дека „тоа е целиот светски бизнис, за народот немаат грижа“, како што мисли Рефик Фетаху, или дека „... ако вакцинирањето присилно го направите, тоа ќе биде масовна еутаназија на сопствениот народ“, како што напишала Слободанка Пројческа Илиоска, и уште недоброј слични мислења искажани преку постовите на нашата ФБ страница. Саше Панев, меѓутоа како да им порачува на сите со негативно мислење за вакцинирањето: „Сите ќе се пелцоваме, само е прашање на време... и што побрзо прифатиме тоа подобро... затоа што ќе гине многу народ“. Исто како и Ана Мирческа којашто ѝ одговара на Мирјана Танева: „Уште пуверлива ќе бидеш ако преспиеш меѓу болните на инфективно, без заштита. И после да не бараш да те лечат таму“

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG