Достапни линкови

Коментари: Пактови, циркус-пречеци на вакцини, ковид -пасоши


Амбасадорот на Русија во Македонија Сергеј Баздникин и министерот за здравство Венко Филипче

„Пречеков коʼ за 300.000 да се работи“, коментира читател за пречекот на руските вкацини, 3000 на број. Друг возвраќа - „Една да е, добредоједена е“, читателите коментираат и за ковид-пасошот за патување, за тоа дека ВМРО-ДПМНЕ, нема да прави пакт со мафија и за „перењето пари“.

Земјите членки на ЕУ тешко се договараат за воведување таканаречен „Дигитален зелен пасош“ за своите граѓани коишто ќе сакаат, вакцинирани, слободно да патуваат во Европа и светот. Главно медитеранските држави се согласуваат, оние што ја изгубија заработката од туризмот поради пандемијата, други не сакаат.

Се противат и неколкутемина граѓани во коментарите по нашата тема „Што ќе содржи дигиталниот зелен пасош“. Ана Илиевска коментирала: „Пари и само пари, дали за ова или за она, пари...“, а Мирјана Грнчарова напишала: „Уште што нема да измисли оваа ЕУ и Америка, ...“

Со „вакцински пасош“ до слобода на движење
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:16 0:00

Оние што ги следат нашите информации, на ФБ страницата го кажуваат своето мислење по пристигнувањето на руските вакцини. Александра Василевска како да не е задоволна од првата пратка со 3 илјади дози, од вкупната пратка со 200 илјади вакцини што Македонија ги купи од рускиот производител на „Спутник Ве“ вакцината, и му наоѓа маана на пречекот на кој присуствуваа рускиот амбасадор во земјава и министерот за здравство: „Пречеков коʼ за 300.000 да се работи“. Александра Василевска ѝ одговара: „За тебе и три милиони да се пак нема да чине“. И Трајче Ѓоргиев коментира: „Една да е, добредоједена е, не дај боже да ви затреба на знам дали ќе ја вратите. Засрамете се!“ И Станислава Станојковиќ со анализа на реакциите на граѓаните: „Негативноста стана заштитен знак на Македонците. Ама во сѐ, ама баш во сѐ да се гледаат само негативни работи...“ На иста линија е и коментарот на Василка Голубова: „Ајде сега ќе почне плукањето и изживувањето. ФБ стана терапија за некои ʼслучаиʻ. Секој наслов им е мотивација“, а Дејан Спасиќ повикува: „Ајде сите од Опозиција да примат вакцини, они највише плачеа и пекаа за вакцини“.

Пактови со мафија не правиме, прво ќе ве поразиме, а потоа ќе одговарате“ – реагираа од ВМРО-ДПМНЕ еден ден по понудата од премиерот Зоран Заев до опозицијата заедно да состават Влада. Соња Данева забележува: „Вие само пакт со ѓаволот правите!“ Потпишан со Џон Јохансен коментира: „Кого да поразите... вие дпновците што ја поделивте Партијата, срамота е ова што го прави Мицко. Уште неколку дена ќе се избере нов лидер, а тогаш и другите потрчковци на Мице ќе се свртите кон новиот лидер...“ Аце Костески смета дека сме „циркус држава во светски размери“, а Георѓи Танев вели: „Дури не се ослободите од Будимпешта никогаш нема да бидите на власт“. Постот на лидерот на опозициската партија, кој е во изолација поради вирусот, Христијан Мицкоски на својот ФБ профил, „Ќе бидете победени, тоа ви го ветувам. Македонската пролет доаѓа!“, Љубица Бубе го коментирала со зборовите: „Абе човек, оздрави првин, не се трескај од земја, здравјето е најважно, зар во овие моменти се мисли на власт и на победи“.

Трендафилов - Предметите за „перење пари“ нема да седат во фиока
please wait

No media source currently available

0:00 0:13:48 0:00

Неделното интервју на РСЕ е со Блажо Трендафилов, директор на Управата за финансиско разузнавање, кој покрај другото вели дека „со пресуди за перење пари криминалот ќе стане неисплатлив“. Посетителите на нашата ФБ страница како да немаат верба во неговите зборови, па реагираат: Лазар Шорев постирал: „Се плашам да не испадне онаа старата: Можно е, само е тешко изводливо. Со збор обеќаме, ама во пракса сме слепи и сакати...“ За Горан Велковски тоа се „лаги и илузии... замајување на пучанството“.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG