Достапни линкови

Ковид-19 во Централна Азија зема замав, мерките се враќаат


Казакстан, илустрација

Соочена со зголемен број на случаи на коронавирус најнаселената земја во Централна Азија, Узбекистан соопшти дека повторно воведува мерки во некои области, со што го смени курсот, откако ги олесни рестриктивните мерки воведни во средината на март. Слични чекори најавуваат и другите земји во регионот.

Узбекистанската владина комисија за забавување на епидемијата соопшти дека од 1 јули јавниот превоз ќе биде ограничен и нема да има собири на повеќе од три лица помеѓу 7 и 23 часот за викендите во регионите со регистрирани случаи на коронавирус.

Само на лица на кои им е потребна итна медицинска помош ќе им биде дозволено да ги напуштат своите домови за време на полицискиот час, соопшти комисијата.

Узбекистански работници во карантин поради коронавирусот
Узбекистански работници во карантин поради коронавирусот

Узбекистанските власти соопштија дека вкупниот број потврдени случаи на коронавирус во земјата е 8.298, од кои 5.495 лица закрепнале, додека 24 пациенти починале.

Во соседниот Казахстан, новоназначениот министер за здравство Алексеј Цои им препорача на властите да воведат четиринеделно заклучување на национално ниво за да го задржат бројот на новорегистрирани случаи на коронавирус на кои им е потребна хоспитализација.

СЗО - Пандемијата е далеку од крајот

Цои додаде дека без заклучување, бројот на новорегистрирани случаи на коронавирус на кои им е потребна хоспитализација може да достигне до 27.000 до крајот на август.

Препораките на Цои беа дадени еден ден откако претседателот Касим-Зомарт Токаев и нареди на владата да претстави нов пакет ограничувања за коронавирусот, во услови на пораст на инфекциите.

Казахстанските здравствени власти соопштија на 30 јуни дека бројот на случаи на коронавирус во земјата достигна 21.819, од кои закрепнале 13.008 лица, а 188 починале.

Луѓе чекаат ред пред аптека во Казахстан
Луѓе чекаат ред пред аптека во Казахстан

Владата на уште една земја од Централна Азија, Киргистан соопшти дека на вицепремиерот, Еркин Асрандиев, му бил дијагностициран коронавирус и во моментов работи во изолација.

СЗО: најголем број на нови инфекции во светот за еден ден - 189.000

Киргистанскиот државен комитет за национална безбедност соопшти дека екс-претседателот Алмазбек Атамбаев, кој пред една недела беше осуден на повеќе од 11 години затвор за ослободување на еден шеф на криминална банда во 2013 година, бил сместен во болница со акутна пневмонија.

Поранешниот претседател на Киргистан Алмазбег Атамбаев
Поранешниот претседател на Киргистан Алмазбег Атамбаев

Министерството за здравство на Киргистан соопшти дека има регистрирано 5.296 пациенти со коронавирус, од кои 2.370 лица закрепнале, а 57 починале.

Бројот на заболени од коронавирус во светот надмина 10 милиони

Во Таџикистан, бројот на регистрирани пациенти со коронавирус во земјата бил 5.900, од кои 4.506 закрепнале, а 52 починале заклучно со 29 јуни.

Туркменистан, останува единствената земја во Централна Азија која официјално не признала ниту еден случај на коронавирус, иако експертите се скептични за тврдењето со оглед на недостаток на транспарентност и отсуство на независен медиум во строго контролиранатаземја.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG