Достапни линкови

Еден Устав, многу толкувања за референдумот


Илустрација

Власта тврди дека Меѓународни договори не може да се менуваат со Закон и затоа е неуставен референдум за поништување на договорот со Бугарија. Опозицијата вели дека не сака да го менува туку да го поништи договорот. Експертите имаат поделени ставови за можноста за референдум.

Едни се повикуваат на Устав, други на закон, трети на Деловник. Едни вадат едни членови од законите, други истите ги толкуваат поинаку.

Одлуката на претседателот на Собранието Талат Џафери да ја отфрли иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за референдум за поништување на Договорот со Бугарија ја подели и политичката и експертска јавност.

Џафери и владејачкиот СДСМ тврдат дека Уставот не дозволува менување на меѓународни договори со закон и оти почитувањето на општо прифатените норми на меѓународното право е темелна вредност на македонскиот Устав.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вели дека Законот за референдуми дозволува такво изјаснување на граѓаните.

Левица смета дека Џафери нема право мериторно да ја оценува иницијативата за референдум, туку само нејзината уредност од формално-правен аспект.

Професорот по Уставно право, Јетон Шасивари вели дека меѓународни договори не може да се поништат со закон. Од друга страна, професорката Мирјана Најчевска вели дека договорите не се свети книги.

Директен линк

Шасивари вели дека Деловникот му дава право на собранискиот претседател да ја испита уредноста на иницијативата. Тој нагласува дека Меѓународната виенска конвенција за договорно право, која е прифатена од Македонија, пропишува дека договорна страна не може да се повикува на одредби на своето внатрешно право за да го оправда неизвршувањето на договорот. Затоа, тој договор не може да се поништи со Закон. Тој тврди дека референдум за Договорот со Бугарија можел да се организира само пред ратификацијата на тој Договор во Собранието.

„Можело законски, согласно член 24 од Законот за референдум, да се организира од 1 август 2017, тоа е денот кога е потпишан, до 15 јануари 2018 година, тоа е денот кога е ратификуван од страна на парламентот“, вели Шасивари.

Камења и молотов коктел кон Собранието, има повредени и приведени
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:20 0:00

Од друга страна, Најчевска вели дека власта, според Уставот, е во рацете на граѓаните, а референдумот е еден од начините на практикување на таа власт. Меѓународните договори не може со закон да се менуваат содржински, но државата има право да ги прифати или да не ги прифати.

„Дали меѓународни договори може да се раскинат. Фала Богу дека може да се раскинат. Тие не се свети книги. Во договор се пристапува и од договор се истапува. Се пристапува и истапува преку соодветна процедура, на соодветен начин, но тоа не негира дека крајниот збор го имаат граѓаните, коишто го имаат суверенитетот и ја имаат власта во своите раце“, вели таа.

Најчевска – Меѓународните договори не се свети книги
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:32 0:00
Директен линк

Во Договорот со Бугарија се наведува дека секоја Договорна страна може да го раскине Договорот со испраќање на писмено известување до другата Договорна страна.

Договорот за добрососедство со Бугарија беше потпишан во 2017, а Собранието го ратификуваше на почетокот на 2018 година. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ја бојкотираа седницата.

Бугарија потоа го блокираше почетокот на македонските евроинтеграции со тврдење дека договорот не се почитува. Тие тврдат дека македонската нација е измислена од Тито и дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот.

Франција годинава предложи откочување на евроинтеграциите со тоа што дел од бугарските барања влегоа во преговарачката рамка на Македонија со ЕУ.

Францускиот предлог предизвика протести во Скопје, зашто опозицијата смета дека прифаќањето ќе го „бугаризира“ преговарачкиот процес.

Македонија одржа меѓувладина конференција со ЕУ, но за фактички почеток на преговорите со ЕУ е потребно внесување на Бугарите во македонскиот Устав, а власта го нема потребното двотретинско мнозинство. ВМРО-ДПМНЕ се противи на уставните измени.

  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG