Достапни линкови

Долг е списокот за арчење, а животот краток – Вие коментирате


Илустрација - Штрк стои покрај остаток од лансирач на ракети во близината на Киев, 29 април 2022
Илустрација - Штрк стои покрај остаток од лансирач на ракети во близината на Киев, 29 април 2022

Долг е списокот за арчење, ама за екологија и природа нема пари. Колкав е животниот век на македонските граѓани? Војната во Украина и економската криза. Ова се трите најкоментирани теми од читателите на РСЕ на Фејсбук за последните 7 дена

Редовното неделно интервју на РСЕ е со министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, во кое министерот одговара на прашања на нашиот новинар за загаденоста на Охридското Езеро и што се презема езерските води да се исчистат. Нуредини вели дека за третман на отпадните води во Охридско се потребни околу 70 милиони евра и дека поради тоа ќе се оди чекор по чекор. На нашата ФБ страница Љупчо Трајчев дава свое мислење: „Тоа се многу пари, ама милијарда по милијарда ги крчмите годишно без ништо да направите... возила, канцеларии, патни трошкови, напумпани и наместени тендери, службени патувања со фамилијата на државен трошок, вработување на партиски послушници, а некои дури не знаат каде и што работат и не се појавиле ниту еден ден... долг е списокот за арчење, ама за екологија и природа нема пари“.


Истражувањето за животниот век на луѓето во земјава што го направи Евростат, а информацијата ја објавуваме на нашата веб страница, привлекува особено внимание. Во споредба со 2019 година, животниот век е намален за 2,2 години и е најголемо намалување меѓу сите земји во регионот. Нашите луѓе сега живеат во просек 74,4 години. Дејан Секуловски коментирал: „Резултатите на ВМРО-СДСМ доаѓаат со задоцнување, но не нè одминуваат...“ Редовниот Лута Ахмети во коментар, слободни сме да го наречеме анализа, покрај другото пишува: „Од независноста на Македонија, па и за време на Југославија сме биле најсиромашна република... Најмногу се нервирам“, пишува Лута Ахмети, „што над 80% луѓе поддржуваат партии иако тие го краделе народот, а забораваат дека се дел од тој народ... има такви кои уште поддржуваат бегалец што милиони украл од народот, што е најлошо и обичните луѓе кажуваат, па на нивно место и јас ќе крадев... затоа ни треба ЕУ за да ги контролира нашите политичари каде вложуваат и да не крадат“.


„Војната во Украина удри по џебот на граѓаните“ е насловена една наша информација, но посетителите на нашата ФБ страница имаат поинакво мислење. Енис Ибраим вели: „Све е крадење, а не е поради војната во Украина“, а Горазд Методиски смета: „Така прави Западот... создава кризи, а тие удираат насекаде со изговор... ете, поради војната е, а во стварноста... тогаш се краде најмногу... од страна на богатите“. Адем Узеир со слично мислење: „Се офајдија газдите, имаа залихи сега лупаат цени. Нема да видат АРНО ОД ТАА ЗАРАБОТУВАЧКА“ – напишал.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG