Достапни линкови

Долгогодишен советник на Путин: Рускиот лидер е опседнат со Украина


Поранешниот советник на Путин, Глеб Павловски: „Украина требаше да биде лост за притискање на Западот за дискусија за безбедносните прашања“, но Путин „зачекори во стапица“.

Глеб Павловски, долгогодишен советник на Владимир Путин, кој подоцна стана критичар, вели дека рускиот лидер стапнал на стапица во Украина. Во интервју за РСЕ, Павловски предвидува дека руската инвазија врз Украина скапо ќе ги чини Путин и Русија.

Рускиот претседател Владимир Путин направи голема погрешна пресметка со инвазијата на Украина, предизвикувајќи конфликт што на крајот би можел да се прелее преку границите на Украина, изјави поранешниот претседателски советник и спин-доктор во Кремљ Глеб Павловски за РСЕ.

„Сето ова е лична одлука на Путин. Никој освен Путин немаше да ја донесе, дури ни Рамзан Кадиров, да имаше збор за тоа“, изјави Павловски, мислејќи на авторитарниот владетел на руската република Чеченија.

„Никој, вклучително и јас, не сфативме колку манијакално мора да бил опседнат со Украина. Го потценивме степенот на распадот во руската влада“.

„Перење мозок“: Руската државна ТВ го продава наративот на Кремљ за војната во Украина


Дисидент за време на советската ера, Павловски отслужи казна внатрешен егзил пред падот на Советскиот Сојуз. По распадот на комунизмот, Павловски стана „политички технолог“, служејќи како консултант на Кремљ од 1996 до 2011 година, по што стана критичар на Путин.

Неговите коментари доаѓаат кога руските сили главно се заглавени или се повлекуваат во Украина, остварувајќи мали придобивки или држејќи позиции на југ и исток на земјата, главно долж брегот на Црното Море.

Како и другите набљудувачи на Кремљ, Павловски верува дека Путин се надева на крај на непријателствата до 9 мај, кога би можел да прогласи „победа“ додека Русија го одбележува поразот на нацистичка Германија во Втората светска војна.
Како и другите набљудувачи на Кремљ, Павловски верува дека Путин се надева на крај на непријателствата до 9 мај, кога би можел да прогласи „победа“ додека Русија го одбележува поразот на нацистичка Германија во Втората светска војна.

Повеќе од 4 милиони Украинци беа принудени да ја напуштат земјата поради неиспровоцираниот руски напад. За време на нивната инвазија, руските сили беа обвинети од Хјуман рајтс воч и многу други организации за воени злосторства во окупираните области на регионите Чернихив, Харкив и Киев.

Преживеаните од Сараево за сличностите со војната во Украина
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:44 0:00

Во интервјуто за РСЕ, Павловски оценува дека Путин „стапнал на стапица во Украина“. „Украина требаше да биде лост за притисок врз Западот во дискусијата за безбедносните прашања“, рече Павловски, мислејќи на барањата на Кремљ што Путин првпат ги презентира во декември 2021 година.

„Тоа е игра на стратегија. Но, бев запрепастен кога видов дека ги отфрла сите можности за преговори за вистинската безбедност на Русија и наместо тоа се одлучи за овој чуден погром што тој го нарекува „специјална воена операција“, вели Павловски.

Со оглед на тоа што руската војска во голема мера се повлече од областите северно од Киев и сега се фокусира врз областите на југоисточна Украина кои веќе ги држат сепаратистите поддржани од Русија, Павловски вели дека на Путин ќе му биде тешко да прогласи „победа“.

„Потпишувањето примирје веднаш би било најпаметното нешто што Русија може да го направи во моментов. Може да добие статус на неутралност од Украина. Обемот на штетата на воената инфраструктура на Украина е доволно голем за да се тврди дека е постигната „демилитаризација“. Русија ќе се обиде да ги задржи териториите што ги зазеде досега, особено оние што граничат со Азовското Море, но тоа ќе зависи од подготвеноста на Украинците да преговараат и да ги прекинат борбите“, рече Павловски, мислејќи на морето во југоисточниот агол на Украина.

„Војната на Путин“: Што да се очекува во следната фаза од руската инвазија?

Како и другите набљудувачи, Павловски верува дека Путин се надева на крај на непријателствата до 9 мај, кога би можел да прогласи „победа“, бидејќи на тој ден Русија го одбележува поразот на нацистичка Германија во Втората светска војна, што вообичаено вклучува огромна воена парада на Црвениот плоштад во Москва.

„Ако се постигне прекин на огнот пред 9 мај, а Русија може да го слави и да го „продаде“ ова како победа, тогаш тоа е добар исход, ако не - нема да имаме мир, преговорите ќе се одолговлечат, а Русија ќе наиде на уште поголеми проблеми со санкциите“, предвидува Павловски, предупредувајќи дека санкциите претставуваат многу сериозна долгорочна закана за благосостојбата на Русија.


Колку подолго се одолговлекува конфликтот, толку е поголема веројатноста ситуацијата да ескалира во Украина, предвидува Павловски, наведувајќи дека притоа евентуалното прелевање надвор од границите на Украина станува поголемо.

„Ова може да се прелее во конвенционална војна меѓу Русија и Западот, со НАТО. Како точно би изгледало ова е тешко да се каже, но повеќе не мислам дека ова е незамисливо и невозможно“, вели Павловски.

„Мислам дека луѓето сè уште не го сфаќаат влијанието на санкциите; тие ќе почнат да го чувствуваат ова лето. И штом сфатат дека санкциите се дизајнирани да ја уништат и руската економија и Руската Федерација, сите ќе се обединат за да се спротивстават. Но, дали за тоа ќе го обвинат Путин или себеси?“, прашува Павловски, мислејќи на поранешниот советски диктатор и советски министер за надворешни работи Вјачеслав Молотов, кој прв потпиша договор за ненапаѓање со нацистичка Германија, што вклучуваше тајни протоколи за поделба на Централна и Источна Европа на соодветни „сфери на влијание“, пред Хитлер да го отфрли и да го нападне Советски Сојуз.

Шансата руската елита, таканаречените олигарси, да се свртат кон Путин е нешто што Павловски е скептичен дека ќе се случи.

„Таа таканаречена теорија претпоставува дека олигарсите владеат со Русија. Олигарсите никогаш не владееле со Русија, дури и во времето на слабиот Борис Елцин“, објаснува Павловски, мислејќи на првиот посткомунистички претседател на Русија.

Глеб Павловски: „Она за што жалам е што го исклучив мојот мозок како аналитичар во тоа време и, на некој начин, го донирав мојот мозок на „франшизата на Кремљ и Путин““.
Глеб Павловски: „Она за што жалам е што го исклучив мојот мозок како аналитичар во тоа време и, на некој начин, го донирав мојот мозок на „франшизата на Кремљ и Путин““.

Павловски, исто така, го отфрла како нешто добро, неодамнешното заминување на добро познатиот постсоветски реформатор Анатолиј Чубаис, кој ја напушти функцијата советник на Путин.

„Постои лажна, па дури и чудна претпоставка дека внатрешниот круг на Путин ќе почне да се дистанцира од него. Ова нема да се случи. А самиот Чубаис и онака не беше член на овој внатрешен круг. Тој е политички реликт на одамна минато време. Да имаше некаква вредност за Кремљ, немаше да му биде дозволено да „избега“, вели Павловски.

Непотврдени извештаи наведуваат дека Чубаис ја напуштил Русија и оти сега бил во Турција.

Руски олигарси бараат да се стави крај на војната во Украина

Но, тоа, како што вели Павловски, не значи дека Путин не може да се соочи со закани за неговата моќ, не само од неговиот близок круг.

„Тие не се идеалисти. Сите тие го чекаат моментот на транзиција. И тоа всушност го прави Путин доста нервозен, опкружен со луѓе кои копнеат за неговиот престол. Денешното водење на државата го прават тие, а не тој“, оценува Павловски, додавајќи:

„Ако некој мисли дека Путин седи и ја води економијата на земјата или јавниот живот, тогаш тоа е само за смеење. Путин всушност не е многу вреден тип“.

Осврнувајќи се наназад во времето кога работел со Путин, Павловски вели дека сега се кае.

„Она за што жалам е што го исклучив мојот мозок како аналитичар во тоа време и на некој начин го донирав мојот мозок на „франшизата на Кремљ и Путин. Сега сфаќам дека требаше да имам поширока перспектива на работите, дека требаше да ги препознам карактеристиките на системот што го градевме. Путин е дете на овој систем. Путин ќе го нема, вака или онака, но системот ќе остане“, вели Павловски во интервјуто за РСЕ.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

Што треба да знаете

XS
SM
MD
LG