Достапни линкови

СЗО: Немаме конечно решение за коронавирусот


Шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус

Шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус порача денеска дека државите треба строго да ги спроведуваат мерките за спречување на ширењето на коронавирусот како што се носење маски, миење на рацете, тестирање и физичка дистанца.

„Пораката до народот и владите е јасна: Направете го сето тоа “, порача Габрејесус на видео прес-конференција во седиштето на ОН.

Според него, повеќе вакцини се во третата фаза на клинички испитувања.

„Сите се надеваме дека ќе имаме поефективни видови вакцини кои би помогнале во спречувањето на инфекцијата. Сепак, моментално немаме конечно решение и може никогаш нема да има“, рече тој.

Нови 74 случаи на коронавирус, починати 3 пациенти, а оздравени 90 лица

Повеќе од 18 милиони луѓе во светот се заразени со ковид-19, а скоро 700.000 починале како последица на болеста.

XS
SM
MD
LG