Достапни линкови

Трамп: коронавирусот во САД под контрола


Американскиот претседател Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека појавата на коронавирус е под контрола во Соединетите држави, каде што најмалку 155.000 луѓе починаа и каде што бројот на заразени расте. Во интервју за веб-страницата „Аксиос“ Трамп оцени: „Тие умираат, тоа е точно. Тоа е така. Но, тоа не значи дека не правиме сè што можеме. Под контрола е колку што можете да го контролирате. Ова е ужасна чума“.

САД со помош од 10 милиони долари за регионот за борба со ковид-19

Случаите со коронавирус продолжуваат да растат во земјата и десетици американски држави мораа да ги запрат своите планови за повторно отворање. Координаторот на група за коронавирус на Белата куќа, д-р Дебора Беркс, рече дека вирусот е „исклучително распространет“ и во руралните области и во градовите. Во интервјуто за „Аксиос“, Трамп повторно инсистираше на тоа дека зголемениот број тестирања во САД придонесува за зголемувањето на случаите, тврдење што го оспоруваат здравствените експерти.

XS
SM
MD
LG