Достапни линкови

Како ковид-19 ќе влијае врз глобалното производство на храна?


илустрација
илустрација

Таа јагода што ја јадете додека се изолирате од коронавирусот сигурно е од некоја фарма. Или можеби потекнува од голема земјоделска задруга многу километри оддалечена од вашиот дом, собрана со рака, можеби од работници мигранти донесени од други градови или дури и земји. Но, дали тој систем може да продолжи да ви носи јагоди додека продолжува глобалната пандемија? Или леб? Тестенини? Масло за готвење?

Коронавирусот веќе ја испрати глобалната економија во криза, со десетици милиони луѓе надвор од работа, бидејќи фабриките од Вухан до Баварија и Мичиген ја прекинаа работата.

Ако живеете во рурална средина во умерена клима можеби се подготвувате да јадете производи од вашиот двор.

Но, ако живеете во град – каде што живее повеќе од половина од светското население – вие се потпирате врз глобалниот синџир на снабдување со храна.

Камионскиот транспорт непречено, возачите во домашен карантин

Што се случува кога луѓето што ги берат овошјето и зеленчукот се разболуваат или мора да се во карантин? Што се случува кога пченицата не може да се измеле и да се продава? Може ли да се соочиме со глобален недостиг на храна во наредните месеци?

Што се случува?

Во средината на март, пандемијата ги зафати повеќето земји, иако се покажаа знаци на „срамнување на кривата“ - термин што се користи за забавување на стапката на нови инфекции.

Но, стресот на глобалниот систем за снабдување со храна веќе беше јасен.

Казакстан -илустрација
Казакстан -илустрација

„Продолжената криза со пандемијата може брзо да ги наруши синџирите на снабдување со храна, комплексна мрежа на интеракции што вклучува земјоделци, постројки за преработка, испорака“, вели Максимо Кален, главен економист за храна на Обединетите нации.

илустрација
илустрација

До почетокот на април, Светската програма за храна - друга агенција на ООН - се обиде да ги разувери нервозните потрошувачи.

„Глобалните пазари за основни житни култури се добро снабдени, а цените генерално се ниски“, се вели во програмата во извештајот објавен на 3 април.

Некои тријат раце и во услови на криза

„Прекините досега се минимални; снабдувањето со храна е соодветно, а пазарите се релативно стабилни “, изјави тогаш портпаролката Елизабет Бирс, која сепак додаде:

„Но, наскоро може да очекуваме да има нарушувања во синџирите на снабдување со храна доколку големите увозници изгубат доверба во сигурниот проток на основни производи за храна”.

За индустријализираните нации, чии синџири за снабдување со храна веќе претрпеа промена, заради промена на навиките и вкусовите на потрошувачите, тоа е причина за поголема неизвесност.

„Зборуваме за радикална промена на синџирот на исхрана што веќе минуваше низ радикални промени“, вели Џејмс Тилотсон, пензиониран професор по политика за храна и меѓународен бизнис на школата Фридман.

Кој е под најголем ризик?

За поголемите индустриски нации, чие население има тенденција да биде особено концентрирано во урбаните и приградските центри, синџирите за снабдување со храна се подолги, покомплексни и, можеби, поранливи.

За помалку индустриските и аграрни економии, синџирите на снабдување имаат тенденција да бидат пократки и поедноставни.

Ако на пример не ги добивате јајцата и млекото од кокошки, крави и кози во вашиот двор, тогаш можеби ќе ги добивате од земјоделците во следното село.

Авганистан - илустрација
Авганистан - илустрација

Другите стоки - како пченица, пченка или соја - се продаваат и се испорачуваат на големо, честопати на долги растојанија.

Тоа значи дека има повеќе точки каде што може да се наруши синџирот на снабдување.

Додадете го на тоа факторот на страв: Потрошувачите што се плашат од можноста од недостиг, брзаат да купат повеќе отколку што инаку би правеле, предизвикувајќи ги недостатоците од кои се плашеле.

На пример, некои пазари на храна во Москва објавија дека полиците се испразнети од готови производи.

Ова доведе некои земји да го намалат извозот на храна во обид да обезбедат доволно храна за своите граѓани.

Виетнам, најголем извозник на ориз, го прекина извозот на тој производ.

Во Казахстан, еден од најголемите светски извозници на пченица, владата го ограничи извозот на таа стока.

илустрација
илустрација

Претходно, владата го суспендираше извозот на други производи како кромид, шеќер, сончогледово масло, па дури и леќа.

Во минатиот месец Русија, најголемиот светски производител на пченица, го прекина извозот на преработени зрна како што се леќата, оризот и овесните снегулки.

Ограничените резерви ги зголемија цените, не само локално, туку во некои случаи и глобално.

Во Бостон, на пример, цената за десетина јајца се зголеми тројно во последните неколку недели, вели Тилотсон.

Повисоките цени и ограничувањата на снабдувањето создадоа можности за црниот пазар.

Полицијата во Киргистан деновиве заплени пратки со пченично брашно што се шверцувале надвор од земјата во вреќи со ознака „цемент“.

Во необичен јавен апел, активисти, академици и група директори на некои од најголемите светски компании за преработка на храна предупредија дека бројот на луѓе кои гладуваат низ целиот свет може драматично да се зголеми во наредните месеци.

Кој ќе бере?

Процесот на собирање на земјоделски култури исто така е под удар, предупредуваат експертите, бидејќи теренските работници се борат да добијат заштитна опрема за да се заштитат од коронавирусот или пак на работниците им е оневозможено да одат на фармите поради ограничувањата.

Во Соединетите држави работниците мигранти го сочинуваат најголемиот дел одземјоделската работна сила.

Без паника, храна ќе има доволно

И во Калифорнија, една од водечките американски држави за производство на храна и земјоделски производи, државните службеници воведоа налог за останување дома за да се минимизира пандемијата. Тоа влијаеше врз земјоделството.

Истото важи и низ цела Европа, каде што фармите се обидуваат да најдат работници за садење или собирање земјоделски култури како јагоди и зелена салата.

„Во овој момент, станува збор за одгледувачи на зеленчук на кои им е потребна работна сила, како во затворен простор, така и на отворено“, вели Стојан Маринковиќ, претседател на Здружението на земјоделци на Република Српска, за РСЕ.

Фестивал на органска храна
Фестивал на органска храна

Сепак, порано или подоцна, коронавирусните инфекции ќе опаднат, владите ќе ги олеснат ограничувањата за патувања и за трговците на мало, а синџирите на снабдување ќе се вратат во нормала, предвидуваат експертите.

Во тој момент, луѓето може да се соочат со друг проблем: што да прават со сите насобрани производи во нивните шкафови и замрзнувачи.

“Кога работите ќе се вратат во нормала, потрошувачите ќе имаат многу конзервирана супа и тоалетна хартија дома и нема да ги купуваат“, вели Гокер Ајдин, експерт за управување со работењето во деловното училиште Кери на универзитетот Џонс Хопкинс.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG