Достапни линкови

Вухан се отвори, но стравот остана


Вухан се уште живее во страв
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:27 0:00

Вухан се уште живее во страв

Психологозите предупредуваат дека и откако ќе бидат укинати мерките за превенција од коронавирусот во регионите погодени од пандемијата, на луѓето ќе им треба време повторно да се приспособат на животот. „Долготрајната закана“ од вирусот ги прави луѓето да се чувствуваат како веќе никогаш да не ќе можат да се релаксираат. Тоа го покажува и примерот од Вухан каде што почна пандемијата.

Фризерот со прекар „Ах Пинг“ се врати на работа откако беше укината блокадата во Вухан поради коронавирусот, но во неговиот салон нема многу клиенти, само празни столчиња и страв од заразата која продолжува да го прогонува градот.

Вухан од каде што почна пандемијата полека се буди од својот кошмар.

Кога повторно ќе излеземе од домовите?

Ги олабавува строгите ограничувања на движењето и бизнисот и се обидува да продолжи понатаму.

Психологот од Вухан Даи Женџин вели:

„Откако помина епидемијата, една од тешкотиите со кои се соочува Вухан е проблемот со прилагодувањето. Поради останување дома подолго време, секојдневните навики на луѓето, нивното разбирање за безбедноста, начините како ги извршуваат нивните активности - вклучително и спиењето – се хаотични”.

Вухан
Вухан

Целосното закрепнување останува попречено од стравот од потенцијален нов бран на инфекции.

Многу продавници и училишта сè уште се затворени, на рестораните не им е дозволено да примаат гости навечер, а некои населби остануваат запечатени.

Нормалното ќе изгледа сосема поинаку по пандемијата

Жителите треба да покажат дека се „здрави“ на задолжителната мобилна апликација за да можат да ги напуштат своите домови, да користат јавен превоз или да влезат во повеќето јавни места.

Без големи промени

Властите на Вухан јасно ставија до знаење дека олеснувањето на контролата носи нови опасности и дека враќањето во вообичаениот живот ќе мора да почека.

Во некои области, тоа е два чекори напред, еден чекор назад.

Во Вухан 70 станбени населби кои беа прогласени за безбедни го изгубиле статусот, при што беа продолжени строгите мерки.

Одземањето на статусот било поради откривањето на асимптоматски случаи.

Вухан
Вухан

Многу жители на Вухан се во континуиран страв од продолжување на нормалните активности.

Луѓето се премногу исплашени да излезат и да купуваат или да се движат низ градот.

Кинескиот град Вухан излезе од изолација по 76 дена

Многумина се уште носат заштитна облека, маски и нараквици. Психолгот Женџин вели:

“На луѓето можеби ќе им треба одредено време за да се прилагодат. Од гледна точка на психологијата, прилагодувањето обично трае повеќе од дваесет дена“.

Здравствен код

Многу жители сè уште не се во можност да ги напуштат своите домови поради системот на здравствени кодови на мобилните телефони, кој следи дали таму каде што живеат или одат се уште се високоризични области.

Ова го спречува движењето кон просперитетните крајбрежни региони каде што работат многу граѓани на Вухан, што е главен извор на приход за нивните семејства.

Патниците од Вухан пак, се соочуваат со задолжителен 14-дневен карантин по враќањето.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG