Достапни линкови

Нормалното ќе изгледа сосема поинаку по пандемијата


илустрација
илустрација

Сите сме заглавени во ова - без разлика дали на првите линии на борбата или во домовите чекајќи да помине. Сè повеќе луѓе се разболуваат, а тоа значи дека сè повеќе и повеќе луѓе директно се загрозени од оваа болест. А, според проценките, како што се наведува во написот на Си Ен Ен, уште ќе се влошува. Сепак, не е премногу бргу да размислиме како да се излезе од ова.

Па како ќе заврши кризата?

Дали тоа ќе биде со откривање вакцина?

Дали тоа ќе биде со зголемување на бројот на лица со антитела и со таканаречено „стадо имунитет“?

Дали повторно ќе треба да се справуваме со ова наесен?

Одговорот засега гласи: Никој не знае.

Во потрага по терапија против коронавирусот
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:59 0:00

Вакцината би била одлична, но ќе трае најмалку година ипол за да се дојде до неа.

И за таканаречениот „имунитет на стадо” ќе биде потребно многу време, бидејќи сè уште огромното мнозинство луѓе немаат антитела и затоа се ранливи на „Ковид-19“.

Не знаеме што не знаеме

„Една од најпаметните работи што некогаш сум ги чула за „Ковид-19“ е дека не знаеме што не знаеме”, нaведува Елизабет Коен од Си Ен Ен, додавајќи дека вирусите нè изненадуваат.

„Кој знаеше дека Зика може да се пренесува со сексуален контакт? Кој знаеше дека еболата може да останува во очите на луѓето? Не знаеме дали Ковид-19 е сезонски, како грипот. И запомнете - грипот не исчезнува во потопли временски услови; само бројките драматично паѓаат. Не знаеме дали Ковид-19 ќе се врати наесен. Ова е нов вирус”, вели таа.

Ефикасни респиратори од маски за нуркање
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:12 0:00

Санџај Гупта, главен медицински новинар на Си-Ен-Ен исто така вели дека ништо не се знае:

„Не знаеме кога ќе заврши ова. Се надевам дека ќе има вакцина и нови третмани за неколку месеци - ова ќе помогне и за лекување на луѓето кои се болни, а ќе ги спречува другите да се разболат. Има уште многу што треба да научиме за овој вирус - зошто ги погодува некои луѓе толку сериозно, а други не?“, наведува тој, додавајќи:

„Каква интеракција имаат нашите гени со овој вирус? Зошто се чини дека некои услови ја прават оваа болест многу полоша? Но, знам дека за да го надминеме ова, треба да работиме заедно и се надевам дека напорите ќе бидат трајно наследство.“

Стратегии за натаму

Д-р Мајк Рајан, извршен директор на програмата за здравствени итни случаи на Светската здравствена организација, зборуваше за преминување во пост кризен период.

Рајан во врска со „стратегиите за транзиција“ рече дека на секоја земја и е потребна силна архитектура на јавно здравство, масивна инвестиција во капацитетите за контрола и надзор, изолација и карантин и робустен информативен систем за луѓето да знаат што да прават и каде да одат ако се болни.

Кога животот ќе почне да се враќа во нормала?

„И, ако го сториме тоа, имаме шанса да се вратиме во живот, и во економскиот и социјалниот, што може повторно да не биде исто, можеби погрижливо, ангажирано општество со подобар систем на здравствена заштита, со подобар универзален пристап до здравствена заштита, со поголема социјална правда и поголема грижа едни за други, и тоа нема да биде лошо општество во кое ќе се вратиме“, наведе тој, додавајќи:

„Не сакаме да завршиме во еден циклус на затворање, проследено со ослободување, проследено со уште едно затворање, проследено со ослободување. Ова не е патот напред. Треба да бидеме пред вирусот.“

Пасош за имунитет

Подгответе се за некои креативни решенија, како на пример доказ за имунитет. Во Британија размислуваат за можноста за „пасоши за имунитет“. Луѓето кои се опоравиле од болеста би добиле документи за да се вратат на работа.

Кинескиот град Вухан излезе од изолација по 76 дена

Но, тука излегува на виделина едно големо прашање: Не е познато колку долго ќе трае имунитетот откако лицето ќе закрепне од ковид-19. И тестирањето, како што знаеме, е несовршено. Можеби не е ни можно да се гарантира имунитет. Меѓутоа, сигурно е дека наскоро ќе има војска луѓе кои се опоравиле од „Ковид-19“ и кои сакаат да се вратат во функционално општество.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG