Достапни линкови

Во Кисела Вода им скисна ДУП-от


Расадник во Кисела Вода

Жестоки реакции во јавноста по најавата дека во Расадник во Кисела Вода ќе се градат 100 нови згради.

Пискотници се слушаат од Расадник во Кисела Вода. Што новиот ДУП ги збра... Со модифицираните стихови од Сердарот на Григор Прличев може да се опишат реакциите во јавноста по објавувањето на новиот предлог - Детален урбанистички план за Расадник во Кисела Вода, според кој е предвидена изградба на 100 нови згради меѓу четири и 15 ката. Планот наиде на остри осуди во јавноста, особено меѓу жителите на населбата, кои велат дека и сега не може да се разминат и нема каде да паркираат.

Во новите згради ќе живеат неколку илјади луѓе, а жителите на Кисела Вода стравуваат дека ќе станат новиот „Аеродром“.

ДУП-от е ставен на увид на јавноста, а градоначалникот Филип Темелковски вели дека се работи за 100 градежни парцели, но бројот на згради ќе биде помал со оглед на тоа што некои згради ќе се градат на две или три парцели. Тој вели дека сите згради се на приватно земјиште и општината се откажала од сите градби на државно земјиште, на кое ќе гради само поликлиника, градинка, основно и средно училиште и паркови и шеталиште.

Дел од луѓето предлагаат место згради да се изгради парк, а дел пак уште не веруваат во тоа што го слушаат.

Други, пак, се загрижени дека тоа дополнително ќе го зголеми и онака високото загадување во Скопје.

Добар дел од разочараните, пак, од немоќ само иронизираат.

Последниот коментар алудира на изјавата на премиерот Зоран Заев на партиска трибина која наиде на потсмев во јавноста.

  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG