Достапни линкови

Во Центар за 5 години завршени речиси 1200 станови и уште ќе се гради

Се гради нова зграда спроти италијанската амбасада.
1/11 Се гради нова зграда спроти италијанската амбасада.
Уставниот суд времено го укина мораториумот за градби во Општина Центар. Одлуката за мораториум за првпат беше донесена на 27 декември 2017 година. Од 2013 до денес биле издадени 136 одобренија за изградба на згради во Центар.
Зградата се простира речиси на целата улица 8 ударна бригада. 
2/11 Зградата се простира речиси на целата улица 8 ударна бригада. 
Уставниот суд времено го укина мораториумот за градби во Општина Центар. Одлуката за мораториум за првпат беше донесена на 27 декември 2017 година. Од 2013 до денес биле издадени 136 одобренија за изградба на згради во Центар.
Освен на улицата 8 ударна бригада, зафаќа и дел од улицата Максим Горки. 
3/11 Освен на улицата 8 ударна бригада, зафаќа и дел од улицата Максим Горки. 
Уставниот суд времено го укина мораториумот за градби во Општина Центар. Одлуката за мораториум за првпат беше донесена на 27 декември 2017 година. Од 2013 до денес биле издадени 136 одобренија за изградба на згради во Центар.
Веќе изградена зграда во која се издаваат станови на улица Максим Горки. 
4/11 Веќе изградена зграда во која се издаваат станови на улица Максим Горки. 
Уставниот суд времено го укина мораториумот за градби во Општина Центар. Одлуката за мораториум за првпат беше донесена на 27 декември 2017 година. Од 2013 до денес биле издадени 136 одобренија за изградба на згради во Центар.
Матица на иселениците на Македонија со нова зграда. 
5/11 Матица на иселениците на Македонија со нова зграда. 
Уставниот суд времено го укина мораториумот за градби во Општина Центар. Одлуката за мораториум за првпат беше донесена на 27 декември 2017 година. Од 2013 до денес биле издадени 136 одобренија за изградба на згради во Центар.
Нова зграда во близина на Соборниот храм.
6/11 Нова зграда во близина на Соборниот храм.
Уставниот суд времено го укина мораториумот за градби во Општина Центар. Одлуката за мораториум за првпат беше донесена на 27 декември 2017 година. Од 2013 до денес биле издадени 136 одобренија за изградба на згради во Центар.
Зградата во близина на Соброниот храм од друга перспектива. 
7/11 Зградата во близина на Соброниот храм од друга перспектива. 
Уставниот суд времено го укина мораториумот за градби во Општина Центар. Одлуката за мораториум за првпат беше донесена на 27 декември 2017 година. Од 2013 до денес биле издадени 136 одобренија за изградба на згради во Центар.
Се гради и спроти Владата. 
8/11 Се гради и спроти Владата. 
Уставниот суд времено го укина мораториумот за градби во Општина Центар. Одлуката за мораториум за првпат беше донесена на 27 декември 2017 година. Од 2013 до денес биле издадени 136 одобренија за изградба на згради во Центар.
Боемската улица во Дебар маало ќе добие уште една зграда. 
9/11 Боемската улица во Дебар маало ќе добие уште една зграда. 
Уставниот суд времено го укина мораториумот за градби во Општина Центар. Одлуката за мораториум за првпат беше донесена на 27 декември 2017 година. Од 2013 до денес биле издадени 136 одобренија за изградба на згради во Центар.
Новата зграда се наоѓа веднаш зад кафеаните на боемската улица. 
10/11 Новата зграда се наоѓа веднаш зад кафеаните на боемската улица. 
Уставниот суд времено го укина мораториумот за градби во Општина Центар. Одлуката за мораториум за првпат беше донесена на 27 декември 2017 година. Од 2013 до денес биле издадени 136 одобренија за изградба на згради во Центар.
Жителите на улицата Отон Жупанчиќ во Дебар маало наскоро ќе имаат нови соседи. 
11/11 Жителите на улицата Отон Жупанчиќ во Дебар маало наскоро ќе имаат нови соседи. 
Уставниот суд времено го укина мораториумот за градби во Општина Центар. Одлуката за мораториум за првпат беше донесена на 27 декември 2017 година. Од 2013 до денес биле издадени 136 одобренија за изградба на згради во Центар.
Previous slide
Next slide

Уставниот суд времено го укина мораториумот за градење во општина Центар. Градоначалникот порача дека е разочаран и дека општината не се откажува од мораториумот. Во меѓувреме ликот на општината и сега се менува.

Општина Центар издала 136 одобренија за изградба на станбени згради од крајот на јуни 2013 година до денес, според податоците до кои дојде Радио Слободна Европа. Ако се земе в предвид дека новиот градоначалник Саша Богдановиќ воведе мораториум во декември 2017 година излегува дека во просек до тогаш се издавале по 30 дозволи годишно. Во истиот период се завршени 1991 стан кои се градени од деловни субјекти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Најмногу станови 352 биле завршени во 2015 година, а најмалку претходната 2014 кога бројката изнесува 107 станови.

​Уставниот суд донесе вчера одлука времено да го укине мораториумот, кој се однесува на 31 ДУП и ја опфаќа територијата на речиси цела општина. Богдановиќ денеска изјави дека се изненадени и разочарани од одлуката, бидејќи мораториумот бил во интерес на сите граѓани. Тој порача дека година ипол работеле на измените на деталните планови со цел лошите планови да се заменат со нови и веќе почнале да постигнуваат резултати.

„Минатата седница на Советот на општина Центар беа донесени два плана Мирче Мацан и Ново маало и со тоа јасно се покажаа разликите кои ги постигнуваме со ревидирање на плановите. Тие во целост одговараат на потребите на граѓаните. Од државното земјиште коешто сега е во владеење на општина Центар избришавме објекти, згради и хотели со огромни габарити, а на нивно место нацртавме паркови и зеленило“, порача Богдановиќ.

Според него, општината не се откажува од мораториумот и ќе ги искористи сите правни можности за да се донесат подобри урбанистички планови. Мерките кои ќе се преземат, како што посочи Богдановиќ, ќе бидат познати откако официјално ќе ја добијат одлуката на Уставниот суд, а до тогаш мораториумот ќе биде на сила.

Архитектката Даница Павловска смета дека со одлуката се препознава една некозистентност и неопределеност на генералните политики на државата за следење на трендовите за поздраво и похумано живеење на граѓаните.

„Значи ова беше обид да се доближиме до некои повисоки стандарди и можеше да се најде некое друго решение. Претставува поништување на идејата којашто ја пласираше општина Центар. Мене ми е многу жал што е вака одлучено и се надевам дека барем со оние два корегирани детални урбанистички планови ќе се постигне некаков позитивен ефект“, истакнува Павловска.

Во меѓупериодот до донесувањето на конечната одлука постои опасност да се направи дисбаланс со издавањето на нови градежни дозволи, додава Павловска.

„Оние коишто чекаат и да имаат некакви економски аспект, коишто можат да бидат бенефит за некого. Но, дефинитивно за нас со оглед дека се работи на спроведување на неквалитетни урбанистички планови претставуваат катастрофа“, порачува таа.

Богдановиќ пред 10 дена распиша и јавен повик за иницијативи за изработка на урбанистички планови. Тој го повика Уставниот суд да ја преиспита одлуката, а коморите да ја повлечат нивната иницијатива.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

This item is part of
XS
SM
MD
LG