Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ поради Рекет најавува протести и блокади на институции


Архивска фотографија- Протест на партијата ВМРО-ДПМНЕ во Скопје

Од ВМРО-ДПМНЕ најавуваат дека е можно да организираат демонстрации, протести, маршови, можеби блокирање на улици, блокирање на Парламентот, поврзано со случајот Рекет. Аналитичарите сугерираат, пак, поради ова да не се кочи Законот за ЈО, кој е важен за евроинтеграциите.

Ниту една идеја и начин на делување не е исклучен за да се симне оваа влада од власт, најавуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Генералниот секретар на партијата Игор Јанушев во интервју на Радио Слободна Европа што во целост ќе го објавиме в недела, вели дека ги разгледуваат сите можности кои се во рамки на демократските принципи и вредности.

„Ниеден начин на делување мислам на демонстрации, протести, протестни маршови, можеби блокирање на улици, блокирање на Парламентот, блокирање на институциите, значи буквално секој оној демократски начин на делување во моментов не се исклучува. Секако дека највисоките тела и органи на партијата, тука пред сè мислам на извршниот и на централниот комитет во следниот период ќе заседаваат и ќе одлучиме кој е најдобриот начин на делување за конечно симнување што е можно побрзо на оваа криминално-рекетарска влада”, вели Јанушев.

Тој ваквата најава ја да дава како одговор на прашањето дали поттикнати од случајот Рекет размислуваат да поднесат иницијатива за гласање на доверба на Владата во Собранието.

На 27 август, пак, кога пратениците ќе се вратат од одмор на дневен ред на собраниската пленарна седница е Законот за Јавно обвинителство со кој треба да се реши иднината на Специјалното јавно обвинителство. Тој закон се смета за важен при одлуката на земјите-членки на Европската унија за давањето датум за почеток на преговорите што се очекува на самитот во октомври. Но, поради случајот Рекет и наводната инволвираност на актуелната специјална јавна обвинителка во оставка Катица Јанева, преговорите меѓу партиите за законот за ЈО паднаа во втор план.

Видео - Мицкоски Заев на колена и ние ќе ја обновиме Македононија

Мицкоски отфрли вмешаност во „Рекет“ и го обвини Заев
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:37 0:00

Според политичкиот аналитичар Алберт Муслиу, за евроатланските партнери е важно дека аферата Рекет се решава, а носењето на Законот за Јавно обвинителство е неопходен и затоа не треба да се влијае врз тој процес.

„Политичките чинители не треба аферата Рекет, која според мене се решава за што зборува и самиот факт дека имаме двајца главни осомничени во притвор, да ја користат како изговор за политички цели на моментов, или дневно политички цели”, вели Муслиу.

Во интервјуто со Јанушев што во целост ќе го емитуваме в недела, тој одговара и дали ВМРО-ДПМНЕ има контакти со новинарот на Ла Верита Ларис Гајсер кој ги објавуваше снимките за аферата Рекет, а негира и инволвираност во објавување на нивниот лидер Христијан Мицкоски и унгарскиот премиер Виктор Орбан.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG