Достапни линкови

Гајсер: Заев веќе нема кредибилитет


Словенецот Ларис Гајсер, кој на интернет страницата на италинскиот весник „Ла Верита“ објави неколку снимки поврзани со случајот „Рекет“, во емисија за италијанското радио „Каподистрија“, изјави дека по објавувањето на снимките завршила политичката кариера на македонскиот премиер Зоран Заев. Според него, Заев нема меѓународен кредибилитет и во интервјуто навестува дека во земјава ќе има промена на премиер.

Тој во емисијата вели дека очекувал луѓето од снимките да негираат дека се тие, но се изненадил кога “сите признале дека се работи за нив. На прашањето зошто биле објавени снимките, тој одговори дека се стравувало дека ќе исчезнат доказите, па затоа јавно ги објавиле.

XS
SM
MD
LG