Достапни линкови

Бугарските условувања со повеќе коментари од информациите за ковид


Македонија - Премиерите на Македонија и на Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов во Скопје. архивска фотографија.
Македонија - Премиерите на Македонија и на Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов во Скопје. архивска фотографија.

„Не се нервирајте, ќе се отворат границите и пак сите во Банско, ама тогаш не е битно“, коментира читател на РСЕ, по полемиките за телефонскиот разговор меѓу Заев и Борисов. Читателите разменуваат неверојатно навредливи постови, мешаат народи, истории и така натаму.

За разлика од изминатите неколку недели, откако прв пат дојде најавата за блокирањето од страна на Бугарија на почнувањето на преговорите со ЕУ за нашето членство, информациите за телефонскиот разговор на премиерот Зоран Заев со бугарскиот премиер Бојко Борисов и последната изјава на бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов собрале рекорден број од над 300 ваши коментари на ФБ страницата на РСЕ од оние во врска со ситуацијата со ковид-19.

Додуша, повеќето постови се со вулгарен и непримерен јазик, со лични навреди кон личностите, па нема да ги цитираме.

Горан Јовановски прави игра со зборови: „Телефонски се договориле да се договорат телефонски за да разговараат. Телефонски“. РСЕ на македонски очигледно се слуша и во Бугарија. Во полемиката во врска со бугарските условувања за историјата, македонската нација и македонскиот јазик овој пат е вклучен некој Манев Јулијан, чие име е напишано со бугарски букви и пишува на бугарски јазик кој со Ѓорѓи Златков разменуваат неверојатно навредливи постови, мешаат народи, истории и така натаму. Димче Стојановски со суптилна иронија ги теши посетителите на ФБ страницата: „Не се нервирајте, ќе се отворат границите и пак сите во Банско, ама тогаш не е битно“. Адем Узеир, меѓутоа, подиректен: „Ооо... само граничните премини ваши кажуваат колку сте Европејци...“, како и Дијана Златановска: „Ако вие сте Европа, вие многу сте назад“. Марјан Јоциќ, пак, му се обраќа на министерот Каракачанов, и тоа во комбинација со бугарски: „Абе ела си при нас, ти си МАКЕДОНЕЦ, не думај така“.

Полемика се отворила и помеѓу Анна Јакимова и потпишан со Ендрју Зад за нашата информација со наслов: „Молк во Русија за победата на Бајден“.

Анна Јакимова прашува од каде РСЕ „ги вади насловите и не знам зошто се почнува или продолжува со ваква реторика и кому му се потребни непријатели“, па наведува линкови до информации на Ројтерс кога рускиот претседател Путин му забележал на претседателот во заминување Доналд Трамп за нападите врз Бајден.

Ендрју Зад коментира дека „насловот е неутрален“ и наведува дека „факт е, досега нема честитка од Кремљ за новиот претседател“ па додава: „Реториката на РСЕ не ми е нешто премногу пристрасна или навредлива... таа е само констатација“.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG