Голема бина, видео бимови и мобилни тоалети на неколку локации во центарот на Белград е сликата на градот пред митингот што го свика Српската напредна партија на 26 мај. Српскиот претседател Александар Вучиќ го најави собирот по првиот протест „Србија против насилството“ и однапред го нарече „најголем во историјата“ на земјата.
Белград во пресрет на митингот на владејачката Српска напредна странка

1
Пред Собранието на Србија е поставена бина од која ќе говорат говорниците на митингот што го свика претседателот на државата Александар Вучиќ.

2
Јавното претпријатие задолжено за паркирање во близина на српското Собрание зема автомобили паркирани во тој дел од градот.

3
Паркингот околу Собранието е ограден со ленти кои градските комунални претпријатија вообичаено ги користат при извршување на некоја работа.

4
Работниците поставуваат преносни тоалети во паркот до Собранието на Србија. Тие беа поставени на неколку локации во центарот на Белград.