Достапни линкови

Можен ли е договор?


Груевски и Црвенковски - Можен ли е договор?
Груевски и Црвенковски - Можен ли е договор?

Власта ги разгледува најновите барања од опозицискиот СДСМ, како и предлогот предвремените избори да се одржат на 26 јуни.

Во ВМРО-ДПМНЕ, каде ги разгледуваат барањата на лидерот на СДСМ Црвенковски околу предвремените избори, најавуваат дека наскоро ќе излезат со став. Додека вчера Црвенковски предложи изборите да се одржат на 26 јуни, во Брисел парламентарната криза беше тема на средбата на премиерот Груевски со еврокомесарот Филе. Од таму шефот на дипломатијата Антонио Милошоски коментираше дека не е убаво постојано да се испорачуваат услови, но дека предлогот сериозно ќе го разгледаат.

Со
Тоа укажува на фактот дека СДСМ е подготвен навистина за суштински дијалог и за избори, но од друга страна не само тие, туку и албанската опозиција во овој случај Нова демократија, има свои барања
став според вчерашните најави денеска треба да излезе и врвот на албанскиот коалициски партнер ДУИ. Во знак на подготвеност за компромис, СДСМ се откажа од барањето за загарантирани квоти за помалите етнички заедници, а новина е омекнување кон барањето за одмрзнување на сметките на А1 ТВ.

„Тоа укажува на фактот дека СДСМ е подготвен навистина за суштински дијалог и за избори, но од друга страна, не само тие, туку и албанската опозиција во овој случај Нова демократија, има свои барања“, изјави Аријанит Хоџа од Нова демократија.


Албанската опозицијата има свои барања за Изборниот закон и другите услови кои водат кон фер избори. Според нив, не е важно кога ќе се одржат избори туку да бидат демократски и фер. Оваа партија бара и меѓународно посредништво во надминување на кризата. Нивниот аргумент е дека нема друг начин како да се излезе од политичкиот ќорсокак.

Амбасадата на САД во меѓувреме се дистанцираше од идејата, оценувајќи дека ова е работа на политичките лидери.
Значи, треба да се трудат и двете страни да не инсистираат единствено на своите теснопартиски интереси туку да го гледаат поширокиот интерес на Македонија. Ако двете страни така постапат и ако се има волја може да се излезе од оваа непотребна политичка криза.

Предлогот на СДСМ да не се донесуваат дополнителни одлуки од УЈП до завршување на предвремените парламентарни избори за А1 ТВ, според политичкиот аналитичар Здравко Савески е чекор напред во надминувањето на зовриената политичка атмосфера:

„Значи, треба да се трудат и двете страни да не инсистираат единствено на своите тесно партиски интереси туку да го гледаат поширокиот интерес на Македонија. Ако двете страни така постапат и ако се има волја може да се излезе од оваа непотребна политичка криза.“

Според Црвенковски, СДСМ е подготвен веднаш по постигнувањето договор да се врати во Собранието и да учествува на изборите. Во Брисел, Груевски изјави дека владата направила се за да ја врати опозицијата во парламентот.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG