Достапни линкови

Политичката криза продолжува


Еден чекор напред, сто назад - по малиот напредок, вчерашната лидерска ,,експресно" и неуспешно заврши
Еден чекор напред, сто назад - по малиот напредок, вчерашната лидерска ,,експресно" и неуспешно заврши

По неуспешната лидерска, власта не се откажува од избори, а опозицијата останува на ставот да не се враќа во Собранието.

По лидерската средба кај претседателот Ѓорге Иванов на која не беше постигнат договор, опозицијата ја префрла одговорноста кај власта. Владо Бучковски изјави дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски вчера ги блокирал разговорите, а дали во наредните денови ќе успеат да ги усогласат своите ставови, а со тоа да се договорат и за враќање на опозицијата во Собранието, иницијативата треба да произлезе од власта, изјави Бучковски:
Според мене сигурно тој ја донесе одлуката да биде повторно замрзната веќе и конечно сметката на А1 ТВ, со што го минираше продолжението на разговорите. Од сега па натаму, се зависи
од него.


„Според мене сигурно тој ја донесе одлуката да биде повторно замрзната веќе и конечно сметката на А1 ТВ, со што го минираше продолжението на разговорите. Од сега па натаму, се зависи од него.“

Во СДСМ повторуваат дека без да се постигне договор за сите барања тие ќе ги бојкотираат Собранието и изборите.

Груевски вчера кажа дека направиле максимум, прифатиле дури и нелогични барања, а за барањето на СДСМ околу сметките на А1 повтори дека тоа е мешање во работата на судството. Тоа не го прифаќаме, оделе или не СДСМ и Црвенковски на избори, рече Груевски.

На прашање дали од денеска почнуваат да течат сите рокови за предвремени избори, во ВМРО-ДПМНЕ оставаат простор дека опозицијата во последен момент ќе се врати во Собранието:
Јас сепак и покрај тоа што гледаме дека опозицијата решила со своите барања кои не се во надлежност на законодавната и извршната власт да го закочи овој процес и на секој можен начин да ги избегне предвремените избори, верувам дека сепак во последен момент ќе се вратат во Собранието и ќе учествуваат во донесувањето на овие закони


Никој не попушта

„Јас сепак и покрај тоа што гледаме дека опозицијата решила со своите барања кои не се во надлежност на законодавната и извршната власт да го закочи овој процес и на секој можен начин да ги избегне предвремените избори, верувам дека сепак во последен момент ќе се вратат во Собранието и ќе учествуваат во донесувањето на овие закони, меѓу кои и за изборот на претседател на ДИК“, изјави пратеникот Зоран Петрески од ВМРО-ДПМНЕ.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети вчера изјави дека мора да има предвремени избори, со или без опозиција, потенцирајќи дека владејачката коалиција направила се за да се врати опозицијата во Парламентот. И од оваа партија оставаат простор за разговори со цел да се постигне деблокирање на дијалогот:

„Постои се уште време и можности за да се интервенира и да се седне повторно. По прашањето дали ќе се оди на избори со или без опозицијата, не би се осудил да давам конечен одговор на ова прашање“, изјави Тахир Хани од ДУИ.

Претходно на почетокот на разговорите меѓу власта и опозицијата за деблокирање на дијалогот ВМРО-ДПМНЕ излегоа со агенда во која предолжија на 31 март Собранието да се распушти и да бидат распишани избори.

Во Нова демократија, сметаат дека на Македонија и е потребна меѓународна помош за надминување на политичката криза.

Денеска во собраниска процедура се ставени измените на изборниот законик и изборот на претседател на ДИК со што се отвора пат по нивното усвојување и за предлог за распуштање на Собранието.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG