Достапни линкови

logo-print

Нова (клучна) лидерска средба


Груевски, Црвенковски, Ахмети и Селмани денеска повторно на иста маса

Груевски, Црвенковски, Ахмети и Селмани денеска повторно на иста маса

Пред денешното ново продолжение на лидерската средба, опозицијата песимистички гледа на можноста за евентуален договор со власта.

Во пресрет на новото продолжение од лидерската средба на четворката Груевски, Црвенковски, Ахмети и Селмани кај шефот на државата Иванов, опозицијата е песимист дека разговорите ќе завршат со конкретен договор. Владо Бучковски од Социјалдемократскиот сојуз вели дека исходот од
Лош сигнал е одлуката на Кривичниот совет и понатамошното блокирање на сметката на А1 ТВ, со што според мое лично мислење не е случајна коинциденција пред продолжението на лидерската средба.
средбата зависи од премиерот Груевски.

„Лош сигнал е одлуката на Кривичниот совет и понатамошното блокирање на сметката на А1 ТВ, со што според мое лично мислење не е случајна коинциденција пред продолжението на лидерската средба“, изјави Бучковски.

Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ не добивме коментар за нивните очекувања. По последната средба, Груевски изјави дека е очигледно дека Црвенковски прави се што може за да не се случат избори, или ако се случат да ги бојкотира.

Ќе договорат ли избори?

Само позитивен пристап на лидерите и решителноста да се надминат моменталните недоразбирања можат да ги приближат ставовите на луѓето кои вечер повторно ќе седнат на маса. Продолжението на лидерската средба за Рафиз Алити од Демократската унија за интеграции е обид да се излезе од моментната политичка криза.

„Да се оди за решавање на проблемите и доближување на ставовите, а не обратно. Мислам дека ако имаме позитивна енергија, политичка волја секако дека овие проблеми би се решиле многу брзо“, изјави Алити.

Ќе биде ли ова одлучувачка средба која конечно ќе заврши со договор меѓу спротивставените страни?

Флора Кадриу од Нова демократија вели дека е премногу тешко да се
Да се оди за решавање на проблемите и доближување на ставовите, а не обратно. Мислам дека ако имаме позитивна енергија, политичка волја секако дека овие проблеми би се решиле многу
брзо.
надминат дијаметрално спротивставените разлики во однос на изборниот законик и спроведувањето на изборниот процес.

„За да имаме успешна средба пред се потребно е партиите од власта да прекинат со политичкиот инает и тврдоглавност и да прифатат нудење на решенија.“

Политичките средби веќе подолго време се дијалог на глуви, нема толеранција и подготвеност за компромис, велат од Нова демократија, додавајќи дека постојат повеќе прашања за кои треба да се најде заедничко решение и од кои зависи пресвртот во разговорите.

На последната лидерска средба не беше постигнат договор. Маратонските разговори завршија со условно прифаќање на две барања од Социјалдемократскиот сојуз, кои доколку партијата не оди на предвремени избори, владата нема да ги прифати. СДСМ одлучи да го бојкотира Парламентот се додека не бидат исполнети сите нивни барања.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG