Достапни линкови

logo-print

Само еден час траеше лидерската средба кај претседателот Иванов. Не е постигнат никаков договор за отворените прашања.

По неполн час заврши средбата на лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, на СДСМ Бранко Црвенковски, на ДУИ Али Ахмети и на Нова демократија Имер Селмани, кај претседателот Ѓорге Иванов.
Не е постигнат договор за отворените прашања околу одржувањето на предвремени парламентарни избори. Во изјавите дадени по средбата учесниците излегоа со меѓусебни обвинувања за неуспехот на денешните разговори.
Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски изјави дека Црвенковски дошол на средбата со намера да нема договор и да нема избори. Тоа, рече тој, покажува дека нема намера да оди на избори.
Направивме максимум и совеста ни е чиста. Ке продолжиме натаму со зацртаната цел.
Груевски истакна дека тие како власт прифатиле многу барања на опозицијата, но оти дел од нив се нерационални и нелогични.

„Направивме максимум и совеста ни е чиста и ќе продолжиме понатаму со зацртаната цел“, изјави Груевски.

Тој нагласи оти ќе има предвремени парламентарни избори.

Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски, пак, го обвини
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ сака избори без опозицијата. Одговорноста за тоа ќе биде на владеачката партија.
Груевски дека дошол на средбата со намера таа да не успее.

„Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ сака избори без опозиција. Одговорноста за тоа ќе биде на владејачката партија.“

Црвенковски истакна дека СДСМ го продолжува бојкотот на Собранието и нема да учествува на изборите ако не бидат прифатени нивните барања.
  • 16x9 Image

    Благоја Кузмановски

    Во новинарството е од 1993 година, кога почнува да работи во дневната редакција на Македонското радио. Бил уредник и водител на сите дневно – политички информативни емисии на програмите на радиото. Од 2002 година е шеф на дописништвото на Радио Слободна Европа во Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG