Достапни линкови

Аболицијата повлечена – се отвора простор за нов договор


Архивска фотографија
Архивска фотографија

Од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ денеска велат дека сè уште немаат најава за разговори на кои се очекува да се зборува и за тоа кога би се одржале изборите.

На триесетина минути пред синоќешниот протест на Шарената револуција, претседателот Ѓорге Иванов соопшти дека одлучил да ги повлече сите аболиции, а со тоа покрај што го исполни првото барање на демонстрантите, го отвори и патот за партиски договор. Од СДСМ велат дека двете нивни клучни барања кои ги поставија за да седнат на маса - повлекувањето на датумот за изборите и повлекувањето на помилувањата сега се исполнети.

Јасно е дека со повлекувањето на аболицијата се отвора можноста за натамошни преговори. Сега посетата на Хајндл е токму во таа функција, сега кога на некој начин теренот е чист, специјалниот пратеник ќе има поголеми можности да го поттурне процесот и за останатите отворени прашања.
Јован Близнаковски, Институт за демократија Сициетас цивилис

Истовремено во земјава денеска и утре е и германскиот посредник Јоханес Хајндл што ги подгрева очекувањата за лидерска средба.

Од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ денеска велат дека сè уште немале најава за таков формат на разговори на кои се очекува да се зборува и за тоа кога би се одржале изборите. Заев веќе најави дека, според нив, до октомври може да се подготват услови за фер и демократски избори. Од ВМРО-ДПМНЕ денеска велат дека не сакале да лицитираат со датуми бидејќи тоа станало беспредметно сè додека СДСМ, како што нагласуваат, не се охрабрат да кажат дека сите услови се исполнети.

Најважно е навистина да се спроведат реформите, оценува Јован Близнаковски, политиколог од Институтот за демократија.

„Јасно е дека со повлекувањето на аболицијата се отвора можноста за натамошни преговори. Сега посетата на Хајндл е токму во таа функција, сега кога на некој начин теренот е чист, специјалниот пратеник ќе има поголеми можности да го поттурне процесот и за останатите отворени прашања“, вели Близнаковски.

Засега постојат и разни гласини за тоа каква би била владата што би ги спровела изборите, па се споменува техничка политичка влада, експертска или, пак, иста како и таа што функционираше според Договорот од Пржино.

„Во моментот како изгледаат работите од страна се чини дека се движиме кон сличен аранжман каков што беше постигнат со Договорот од Пржино. Тоа значи влада сто дена пред избори со мандат да ги спроведе изборите. Меѓутоа јас лично сум малку скептичен дека тоа е долгорочно и добро решение од причина што веќе беше пробано и не се успеа на тој начин“, вели Близнаковски.

Ултиматум... Разврска???
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:13 0:00

Покрај овој политички развој на настаните и протестите како што се одвиваа досега, секој ден во 18 часот, од вчера запреа, па како што најавија од Шарената револуција ќе се оди кон други форми и утре ќе се блокираат крстосници. Тие имаат две ултимативни барања со рок за остварување до 18 јуни. Дотогаш бараат Уставниот суд да се произнесе за уставноста на Специјалното јавно обвинителство и да запре прогонот на демонстраните.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG