Достапни линкови

Хајндл ќе го поттурнува политичкиот процес


Германскиот специјален пратеник, Јоханес Хајндл

Германскиот специјален пратеник, Јоханес Хајндл

Доаѓањето на германскиот специјален пратеник, Јоханес Хајндл, во Скопје, по трет пат, ветува посериозно раздвижување на преговарачкиот процес, сметаат аналитичарите.

Оптимистички се очекувањата на експертите од посетата на специјалниот пратеник Јоханес Хајндл. Потсетувајќи дека поранешните негови средби донесоа одредено поместување, барем половично во делот на аболицијата, политичкиот аналитичар Никола Дујовски очекува напредок кој ќе доведе до тоа политичките лидери да седнат на маса и да преговараат.

Неговата посета за утре треба да се земе со доза на оптимизам затоа што тој е сега сликата на Европската унија и на Европската комисија. Веројатно ќе изврши дополнителни усогласувања коишто можат да водат кон напредок во процесот на преговори.

„Неговата посета за утре треба да се земе со доза на оптимизам затоа што тој е сега сликата на Европската унија и на Европската комисија. Веројатно ќе изврши дополнителни усогласувања коишто можат да водат кон напредок во процесот на преговори“, вели Дујоски.

Политичкиот аналитичар Алберт Муслиу вели дека доаѓањето на Хајндл по трет пат во Скопје ветува посериозно раздвижување на преговарачкиот процес.

„Неговото доаѓање мислам дека ќе биде тригер за поместување од мртвата точка во која се наоѓаме веќе неколку недели“, изјави Муслиу.

Но, затоа, пак, сосема спротивни се очекувањата на Дујовски од најавените реформи на ВМРО-ДПМНЕ во делот на медиумите и правосудството.

„Владата, како што е сега структурирана, ниту има мандат, ниту има капацитет да го прави тоа. И не очекувам. Тие имаа повеќе од една година да започнат сериозно да работат на препораките од извештајот на Прибе. Тоа не се случи и не очекувам дека во иднина ќе се случува“, категоричен е Дујовски.

Во искреноста на ваквите најави од страна на ВМРО-ДПМНЕ се сомнева и Муслиу. Мислам дека граѓаните се презаситени од сите реченици кои почнуваат со ќе.

„Сите најави мислам дека се повеќе поради медиумскиот момент, отколку што се искрени. Можеби овојпат ќе бидат искрени, но знаете кога некој ви најавува нешто повеќе пати и тоа не го реализира секако дека имате право да се сомневате во искреноста. Но, дури и да ја имаат целосната волја, тоа не може да се направи еднострано, туку со поширок консензус“, заклучува Муслиу.

Наместо да се брза со изјавите за реформи, од Владата треба да седнат на маса и да договорат принципи за одржување на фер и демократски избори, сметаат експертите.

Инаку, Хајндл неодамна порача дека ЕУ и Германија сакаат да и помогнат на земјата да излезе од кризата, додавајќи дека станува збор за имплементацијата на централните елементи од договорот во Пржино, каде што има несогласувања меѓу политичките актери и покрај тоа што тие го ставија својот потпис на тој договор.

  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG