Достапни линкови

Прогласување културно наследство од ѓутуре


Во групата на новопрогласени објекти за културно наследство, меѓу другите, спаѓаат зградата на Археолошкиот музеј, Порта Македонија, Музејот на ВМРО и уште неколку постари објекти меѓу кои и Музејот на Македонија и Музејот на современа уметност.

Прогласувањето на дел од објектите од „Скопје 2014“ за културно наследство е спорно, истакнуваат стручните лица, укажувајќи дека во нив нема вредни збирки, туку копии. Историчарот на уметност, Донка Барџиева Трајковска, оценува дека наместо со изработка на предлог за ревалоризација врз основа на вредноста на самите објекти, употребен е член од законот каде се прогласени по сила на закон објекти во кои се сместени збирки кои се само заведени во инвентарната книга на одреден музеј.

Спорно е што имаме нови објекти во кои се сместени збирки, како што е Музејот на ВМРО, каде што има повеќе восочни фигури отколку оригинални експонати и приклучената кон овој музеј Порта Македонија, која сама по себе ни поседува вредност, ниту во самата порта постои некаква збирка од каков било карактер. Сега веќе не навлегуваме ни во квалитетот на тоа што имало.

„Спорно е што имаме нови објекти во кои се сместени збирки, како што е Музејот на ВМРО, каде што има повеќе восочни фигури отколку оригинални експонати и приклучената кон овој музеј Порта Македонија, која сама по себе ни поседува вредност, ниту во самата порта постои некаква збирка од каков било карактер. Сега веќе не навлегуваме ни во квалитетот на тоа што имало“, вели таа.

Во групата на новопрогласени објекти за културно наследство, меѓу другите, спаѓаат зградата на Археолошкиот музеј, Порта Македонија, Музејот на ВМРО и уште неколку постари објекти меѓу кои и Музејот на Македонија и Музејот на современа уметност.

Исто така Барџиева Трајковска посочува дека новопрогласените објекти за културно наследство не се означени со табли. На секој позначаен споменик треба да има табла на која пишува „споменик на културата - заштитено со закон“. Министерството за култура е задолжено да ја изработи содржината и видот на начинот на кој ќе биде обележан одреден објект кој е прогласен како културно наследство, вели Барџиева Трајковска.

Во меѓувреме расте револтот поради кривичните пријави што полицијата ги поднесе против 26 демонстранти од Битола и 7 демонстранти од Скопје. Обвинети се дека уништувале туѓи предмети, односно културно наследство, затоа што фрлале со боја врз зградата на општина Битола, Порта Македонија и Министерството за култура во скопско Дебар Маало.

Адвокатот Звонко Давидовиќ, чии клиенти неодамна беа повикани на информативен разговор за учество во Шарената револуција, рече дека ако им бидат поднесени кривични пријави, тогаш тој пред суд ќе го оспори и прогласувањето на Триумфалната капија за културно наследство.

„Не може да прифатиме дека некое референтче донело одлука дека тоа е културно-историски споменик. Ако дојде до судска постапка, ќе мора и тоа да го утврдиме“, рече тој.

Лицата кои фрлаа боја се повикуваат на разговори во полиција, а некои од нив се казнети со 50 евра казна за прекршок. Дали се работи за прекршок, тоа е работа од предмет до предмет и треба да се докаже, вели адвокатката Сузана Јошевска.

„Ова треба да се подведе под прекршок како на кој било објект, а не на споменик. Овие објекти е јасно дека на никој начин не се означени како такви“, вели таа.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG