Достапни линкови

Објавен договор на ВМРО-ДПМНЕ со американска ПР фирма


За месечна сума од 54 илјади американски долари, агенцијата ќе обезбедува промовирање на Македонија, особено улогата на премиерот Никола Груевски во епицентарот на бегалската криза.

На интернет страницата на Американската државна агенција за регистрација за странски соработници во Министерство за правда, објавени се документите за соработката на ВМРО-ДПМНЕ со американската пи-ар компанија Њу партнерс консултинг, за кои пишуваше американскиот неделник ПР вик.

Според регистрацијата која компанијата ја пријавила во американското државно тело, владејачката партија на деветти ноември и исплатила на Њу партнерс консултинг 53 илјади американски долари, од кои 36 илјади за, како што е наведено, планирани активности и 17 илјади долари за активности поврзани со односи со јавноста.

Во документот се наведува и дека за месечна сума од 54 илјади американски долари, агенцијата ќе обезбедува промовирање на Македонија, особено улогата на премиерот Никола Груевски во епицентарот на бегалската криза.

Во документот кој е регистриран на 17 декември 2015 година се наведува и дека за месечна сума од 54 илјади американски долари, агенцијата ќе обезбедува промовирање на Македонија, особено улогата на премиерот Никола Груевски во епицентарот на бегалската криза и потребата од зголемување на соработката и ресурсите од невладините организации и меѓународните партнери.

Тие, како што пишува, ќе го олеснат и пристапот до странските новинари во поглед на надворешните работи и миграциите во Македонија, вклучувајќи, но не и ограничувајќи се, на пишување на соопштенија за јавност, изјави од премиерот и мислења и проширување до новинарите во корист на ВМРО-ДПМНЕ. Сите работи, како што пишува, ќе ги дистрибуираат до радијата, телевизиите и весниците, а соработката почнала од 1 декември.

Како контакт лице од владејачката партија во документот се наведува пратеникот Александар Николовски.

Инаку, оваа консултантска фирма, според наведено на нејзината интернет страница, во последните пет години соработувала со повеќе од 360 клиенти, меѓу кои и Националната фудбалска лига, Оскарите, Гугл, а работела и за потребите на американскиот претседател Барак Обама.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG