Достапни линкови

logo-print

Партиите ги љубат медиумите заради сопствената вистина


Новинари и медиумски работници протестираа пред Клубот на пратениците незадоволни поради одбивањето на четирите најголеми политички партии да ги вклучат новинарите во преговорите за реформата на медиумската сцена.

Новинари и медиумски работници протестираа пред Клубот на пратениците незадоволни поради одбивањето на четирите најголеми политички партии да ги вклучат новинарите во преговорите за реформата на медиумската сцена.

Медиумите во Македонија отсекогаш биле битна алка во политичката борба, зашто се најлесниот начин преку кој политичарите „влегуваат“ во секој дом.

Медиумите со години се една од клучните алки во политичката борба во Македонија. Медиумските и новинарски организации долго време алармираат дека владата со државни пари ја купува наклонетоста на медиумите, земјава тоне според индексот на медиумски слободи на меѓународните листи, а начините и степенот на контрола или влијание врз медиумите јавноста можеше да ги чуе и од опозициските „бомби“.

Се разбира, тука и непосредното искуство од секојдневниот живот влијае на нашиот избор, меѓутоа за многу работи не можеме да оствариме непосредно искуство и формираме суд само преку медиумските слики на коишто сме изложени.

Директорката на Високата школа за новинарство и односи со јавност, Жанета Трајкоска, вели дека медиумите во Македонија отсекогаш биле битна алка во политичката борба, зашто се најлесниот начин преку кој политичарите „влегуваат“ во секој дом. Таа смета дека медиумите имаат голема улога во формирањето на јавното мислење, а со тоа и врз изборните резултати.

„Ако ја гледате агендата во медиумите, ќе видите дека во најголем број на националните телевизии, со чест на исклучоци, медиумската агенда е иста. Во исто време одат истите вести, со истите изјави, со истиот агол на обработка, со истите извори и истите експерти во наводници, коишто само ја потврдуваат онаа вистина којашто политичките лидери сакаат да им ја пренесат на граѓаните“, вели таа.

Трајкоска посочува дека обиди за манипулација на медиумите има секаде во светот, но има силни медиумски индустрии кои се спротивставуваат на тоа.

Со сличен став и Марко Трошановски од Институтот за демократија Социетас цивилис. Тој вели дека е очекувано медиумите, помеѓу другите институционални реформи, да бидат центар на политичката борба меѓу партиите.

„Информираниот избор за тоа која политичка елита би требало да владее или информираното разбирање за тоа како таа владее е создадено од страна на медиумите и се разбира, кој ја има контролата врз нив, ќе ја има контролата и врз умот на граѓанинот. Се разбира, тука и непосредното искуство од секојдневниот живот влијае на нашиот избор, меѓутоа за многу работи не можеме да оствариме непосредно искуство и формираме суд само преку медиумските слики на коишто сме изложени“, вели Трошановски.

Како дел од таканаречените бомби, лидерот на СДСМ Зоран Заев претходно годинава објави нелегално прислушувани разговори меѓу, како што рече, високи владини претставници и уредници на медиуми кои, според него, ја докажуваат спрегата власт-медиуми.

„Машки глас: Види да ти кажам. Значи не претерујте, зашто има од кај твојот премиер толку многу порачки што вестите на Сител се куртон обичен, се пропаганда на ВМРО-ДПМНЕ.

Женски глас: Ти кога си на вести? Денеска ли си на вести?

Машки глас: Значи вчера имаше 7 прилога од вкупно 12 кои идеа по порачка. Анкета имало, па анкетата како се вика, експерти да кажеле, и све, и сега…“

Ситуацијата дополнително се поларизира, откако на вчерашната прес-конференција, Заев рече дека ги смета дел од медиумите за поголеми политички непријатели од ВМРО-ДПМНЕ.

„Зависноста на медиумите, знаат и малите деца од кој е, од страна на извршната власт. Во моментот, став на СДСМ и мој личен став е дека поголем политички непријател за нас како опозиција се медиумите како Сител, Канал 5, Алфа, Дневник и МРТВ. Вие не сте наши политички непријатели, вие сте медиуми кои меѓу другото се финансирани делумно и од пари на граѓаните,“ рече Заев.

Уредниците на прозваните медиуми по ова побараа прекин на преговорите меѓу политичките партии за медиумската сфера, додека на чело на СДСМ е актуелното раководство. Владејачката ВМРО-ДПМНЕ синоќа ги напушти преговорите за медиумите што се водат со посредство на посредникот Питер Ван Хоите, поради, како што велат, неприфаќањето на нивните предлози за регулирање на медиумската сфера.

  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG