Достапни линкови

Уморна од лажење, казахстанска новинарка си поднесе оставка


Дописничката на казахстанска национална телевизија од Лондон поднесе оставка, бидејќи била уморна од пропаганда. Бела Кудаибергенова, објаснувајќи ја својата одлука, изјави дека повеќе не можела да го лаже казахстанскиот народ.

Дописникот од Лондон на казахстанската водечка национална телевизија, Бела Кудаибергенова си даде отказ од своето работно место, бидејќи, како што изјави, била уморна од лажење.

Сега сум многу среќна. Сфатив дека имам совест. Не можев повеќе да лажам.

„Јас конечно си одам“, напиша таа на социјалната мрежа Фејсбук на 3 декември и со тоа ја најави нејзината оставка од телевизијата Хабар.

„Сега сум многу среќна. Сфатив дека имам совест. Не можев повеќе да лажам“, вели таа.

На социјалните медиуми одлуката на Кудаибергенова наиде на голема поддршка, но исто така се постави прашањето дали нејзината оставка била предизвикана од одлуката на телевизијата да го укине лондонското биро.

За казахстанскиот сервис на Радио Слободна Европа, таа ги соопшти причините поради кои ја донела одлука да ја напушти работата. Кудаибергенова планирала да поднесе оставка по новогодишните празници, но се решила тоа да го направи порано откако добила непријатна задача.

Од неа било побарано да известува од собирот организиран од страна на казахстанската амбасада во Лондон на 2 декември по повод прославата на Денот на независноста на земјата на 16 декември како доказ дека Казахстанците се среќна нација.

Според неа, се очекувало таа да извести за собирот, кој се одржувал во луксузен хотел како доказ дека Казахстан е голема земја почитувана од Британија и од меѓународната заедница.

„Тоа ја прели чашата. Чувствував дека не можам повеќе“, вели таа.

Бела Кудаибергенова

Бела Кудаибергенова

За време на интервјуто таа ја обвини телевизијата за систематска дезинформација на казахстанскиот народ.

Мислам дека дезинформацијата е многу широка и длабока. Не само во однос на ситуацијата во земјата, туку и во странство. Ние новинарите сме дел од машинеријата која го врти тркалото“, вели Бела Кудаибергенова.

Таа истакна и дека пронаоѓале експерти кои би го кажале она што би сакала телевизијата да го кажат, а доколку изјават нешто спротивно тоа било отфрлано.

Кудаибергенова за телевизијата работела од 2003 година. Најпрвин како дописник од Москва, а потоа од 2009 година се преселила во Лондон.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG