Достапни линкови

Прилепскиот Тутунски Комбинат испливува од кризата


Тутунски комбинат Прилеп.

Тутунски комбинат Прилеп.

Раководството на овој загубар вели дека до крајот на годинава финансиски ќе се консолидира, за да биде конечно избришан од црната листа на загубарите.

Прилепскиот Тутунски Комбинат го трасира патот на финансиска консолидација, една година по склучување на договорот за стратегиско партнерство со американската тобако компанија Филип Морис и основање на мешовитата фирма Тутунски Комбинат –Филип Морис. Раководството на овој загубар, сега најавува дека не за две, какви што беа првите проценки, ами до крајот на оваа година финансиски ќе се консолидира во ниво, за да биде конечно избришан од црната листа на загубарите.

Главниот предизвик сега не е дали ќе преживее комбинатот или ќе исплива од кризата, туку колку брзо и колку ефикасно ќе го направи тоа. Еден од најголемите проблеми и баласт на Комбинатот превработеноста, мислам дека во најголем дел ја решивме.

„Главниот предизвик сега не е дали ќе преживее комбинатот или ќе исплива од кризата, туку колку брзо и колку ефикасно ќе го направи тоа. Еден од најголемите проблеми и баласт на Комбинатот превработеноста, мислам дека во најголем дел ја решивме“, истакнува генералниот директор Александар Дерменџиев.

Александар Дерменџиев.

Александар Дерменџиев.

Така што од поранешните преку 1000, со успешна реализација на проектот за редуцирање на бројот на вработени сега во Комбинатот останаа помалку од 500 работници,поточно 535 други работници, ја искористија можноста и доброволно го прекинаа работниот однос по основ на технолошки вишок, а добија отпремнина до 15.000 евра по вработен. Со овие измени, според раководството финансиската консолидација на Комбинатот се одвива со забрзано темпо.

„Од промените во јули 2013-та, кога беше промената на Законот за акцизи и последната, трета конверзија во септември, Комбинатот функционира без никакви инјекции или најави за некаква конверзија. Сите свои обврски, вклучувајќи ги и оние кон државата, за акцизи, за ДДВ...Комбинатот ги сервисира редовно и во целост“, акцентира директорот Дерменџиев.

Се реализираат и другите аспекти од договорот со Филип Морис. Во фабрика за цигари во тек е производство на цигари за оваа реномирана компанија во тобако бизнисот.

„Количините се веќе преработени, она што е добро, е тоа што Филип Морис по инспектирањето нема никакви забелешки на квалитетот. Договорот ни овозможи да си земеме кредит од деловните банки, за да ја исфинансираме реколтата. Ние успешно ја завршивме работата, кредитот пред време ќе го вратиме“, додава Дерменџиев.

Тој тврди дека овој договор за стратегиско партнерство, овозможува непречен откуп и исплата на тутунот, што пак е гаранција за кооперантите. Веќе се размислува и за зголемување на досегашните количества од околу 2.500-3000 тони, кои што секоја година се преземаат од тутунарите.

Сега вели Дерменџиев, долгорочните планови се во насока на сигурен развој, којшто мора да го врати рејтингот на тутунски гигант во регионот, државата, но и пошироко.

  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG