Достапни линкови

Тутунот од годинашнава реколта е со просечен квалитет, а тутунарите бараат толеранција со влажноста поради временските услови.

Драган Мицкоски е долгодишен земјоделец, тутунар. Од земјоделство живее неговото семејство. Но, годинава е загрижен поради односот на откупните фирми, кои наместо да го преземаат родот и во своите капацитети да вршат натамошна манипулација како некогаш што го правеше тоа прилепскиот монопол, сега недосушениот тутун им се враќа на производителите.

Народот живее од тутун во Прилеп и ако се продолжи вака, не е добро. Вистина квалитетот е послаб, но ако не го направат тоа, луѓето ќе бидат револтирани и ќе биде тешко за живеење.

„И некогаш имало влага и сега има влага, по селата кај нас се чува тутунот, и во куќите и по тавани и по плевни и во гаражи, има влага многу. Е, сега ние гледаме тука, откупувачите да имаат една лабавост. Народот живее од тутун во Прилеп и ако се продолжи вака, не е добро. Вистина квалитетот е послаб, но ако не го направат тоа, луѓето ќе бидат револтирани и ќе биде тешко за живеење“, вели Мицкоски.

Реагираат тутунарите и од долненско и од крушевско.

„Има договор, се знае дека по класа треба да се купува, но годинава со една класа пониско од лани е“, вели Муса Ибраимоски од долненското здружение на тутунари.

На откупните места, со мерните инструменти влагата покажува некаде до 37 отсто, тутунот се враќа назад и самите компании не даваат до знаење кога истите луѓе што се вратени денеска, истите ќе го предадат тутунот.

„Ние бараме компаниите да покажат повеќе слух за нас, да го преземат тутунот, зашто тутун со 20 отсто влажност покажува листање, треба да се преземе овој тутун“, вели Илија Тотески, претседател на крушевското здружение „Братство“.

Од Сојузот на тутунски здруженија ќе бараат вештачење за исправноста на влагометрите и редовни контроли на Инспекторатот.

„На откупните места, со мерните инструменти влагата покажува некаде до 37 отсто, тутунот се враќа назад и самите компании не даваат до знаење кога истите луѓе што се вратени денеска, истите ќе го предадат тутунот. Има враќање на тутун, прегорен, трул, а во Правилникот вели дека до 60 отсто оштетен тутун треба да се проценува и откупува, овој во четврта класа“, вели Данчо Милески, претседател на Сојузот на тутунски здруженија.

Согласно со нашите договори со кооперантите, краен рок за исплата е 30 дена, меѓутоа, бидејќи средствата се обезбедени, веројатно и пократко од тој рок би го исплатиле.

Од Инспекторатот пак тврдат дека компаниите имаат право да го вратат тутунот на досушување.

„Ако кажале дека има нерегуларен откуп, како Сојуз на тутунари, како здружение, нека дадат веднаш допис,нека го известат претседателот на здружението, тој го има мојот телефон и секој ден ми се јавува“, категоричен е Стаменов.

Најрегуларен откуп според тутунарите, се врши во прилепскиот Тутунски комбинат.

„Согласно со нашите договори со кооперантите, краен рок за исплата е 30 дена, меѓутоа, бидејќи средствата се обезбедени, веројатно и пократко од тој рок би го исплатиле“, најавува Александар Дерменџиев, генерален директор на Тутунски Комбинат.

Овој е единствен откупувач којшто покрај 3180 тони договорени количества, најави можност за откуп и на дел вишок килограми од производството на своите кооперанти.

„Ајде првин да го откупиме овој тутун што е согласно со договорите,25 милиони килограми, значи и овој друг тутун ке направиме напори и тој да се откупи“, рече министерот Михаил Цветков, при неговата средба со прилепските тутунари.

Откуп треба да вршат 9 компании, но навреме почнаа само 6, другите 3, Пашоски дилер, Далија табак и Орбита ќе бидат санкционирани поради доцнењето, најави Инспекторатот.

  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG