Достапни линкови

logo-print

Преполовен бројот на вработени во Тутунски комбинат Прилеп


Со отпремнина до 15 илјади евра, како технолошки вишок, 535 вработени доброволно заминаа од прилепскиот загубар. Раководството се надева дека на фабриката сега ќе и тргне на подобро.

Тутунски комбинат го преполови бројот на вработени. Од 960, само за еден месец со социјален пакет и отпремнина максимум до 15 илјади евра, како технолошки вишок доброволно заминаа 535 вработени. Со ова е решен најгорливиот проблем во овој загубар. Според проценките на менаџерите, ова е оптимален број на вработени, со што ќе се зголеми продуктивноста во производството и енормно ќе се намалат трошоците.

Тоа за нас значи драматично намалување на трошоците и ќе ни овозможи натамошна стабилност и континуитет во работењето. Исто така како една од остварените придобивки би го споменал и договорот за директен откуп на ориентален тутун од нашите производители.

„Тоа за нас значи драматично намалување на трошоците и ќе ни овозможи натамошна стабилност и континуитет во работењето. Исто така како една од остварените придобивки би го споменал и договорот за директен откуп на ориентален тутун од нашите производители“, изјави Александар Дерменџиев, генерален директор на Тутунски комбинат.

Интернационалната компанија `Филип Морис`, со која комбинатот потпиша договор за стратегиско партнерство и формира нова фирма со 30 вработени `Тутунски Комбинат-Филип Морис`, во цигарната фабрика во Прилеп донесе две современи машини од фабриките во странство.

Со воведувањето на новите машини и новата опрема, што се донесе во ДООЕЛ Цигари, ќе се модернизираат самите процеси, а исто така оптимално ќе се користат човечките ресурси и ќе се постигне оптимална организација.

„Со воведувањето на новите машини и новата опрема, што се донесе во ДООЕЛ Цигари, ќе се модернизираат самите процеси, а исто така оптимално ќе се користат човечките ресурси и ќе се постигне оптимална организација. Ќе ги следиме преференците на полнолетните пушачи, како и динамиката на пазарот, воедно со тоа ќе се лоцираат новите иновативни цигари од најсилното портфолио на Филип Морис-Тутунски Комбинат“, изјави Марјан Ангелески, директор на ДООЕЛ Цигари.

Со цел побрза модернизација, што поскоро унапредување и приближување на производствениот процес до стандардите за квалитет на `Филип Морис`, во цигарната фабрика на Тутунски комбинат престојуваат консултанти на интернационалната тобако компанија.

„Она што е досега направено, откако е потпишан договорот за стратегиско партнерство, се гледа во подобрувањето и модернизацијата на постоечката опрема, инсталација на различни китови за производство на цигари со различни димензии, инсталирање на опрема за онлајн печат којашто овозможување спречување на шверц на цигарите на пазарот, а исто така е поставена опрема за онлајн мерење на квалитетот на производот до ниво потребно за пазарот“, истакнува Бора Костиќ, консултант од `Филип Морис`.

Најмногу за две години, сметаат менаџерите, Тутунски комбинат ќе ги исплати долгогодишните обврски, кредитите се репрограмирани, па компанијата ќе за стане на здрави нозе. Сепак, за успешно работење и излегување од криза на овој загубар, посочуваат добро упатените, неопходно е отворање и на нови пазари и постојано подигнување на квалитетот на производството и што поголема искористеност на капацитетот на цигарната фабрика.

  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG