Достапни линкови

Тутунарите ќе се офајдат од Филип Морис


Тутунски Комбинат Прилеп
Тутунски Комбинат Прилеп

Тутунарите ќе имаат бенефит од потпишувањето на договор меѓу Тутунски Комбинат Прилеп и компанијата Филип Морис. Овој потег ќе им гарантира редовен откуп и исплата на произведената реколта.

Потпишувањето на договорот на Тутунски Комбинат со интернационалната компанија Филип Морис долго го очекуваа и прилепските тутунари. Со овој 10 годишен договор и формирање на новото претпријатие за дистрибуција и продажба на брендираните цигари од порфолиото и на Тутунски Комбинат и на Филип Морис, всушност се гарантира редовен откуп и исплата на произведената реколта на кооперантите.
Ќе прекинат уцените на другите откупни фирми,со оглед на фактот што и самиот Филип Морис најавува производство на крупнолистен тутун, Вирџинија на плодни почви.
Данчо Милески, претседател на Сојузот на тутунски здруженија на Македонија.


„Ќе прекинат уцените на другите откупни фирми, со оглед на фактот што и самиот Филип Морис најавува производство на крупнолистен тутун, Вирџинија на плодни почви. И ако се вратиме назад во 80-те, 85-те години се произведуваше овде крупнолистен тутун, а и овде има заинтересирани од тутунопроизводителите, бидејќи од единица површина добиваат поголемо производство и нормално дека нивниот бенефит ќе биде многу поголем“, оценува Данчо Милески, претседател на Сојузот на тутунски здруженија на Македонија.
Данчо Милески.
Данчо Милески.


Според Милески, за македонските тутунари, би бил многу поволен моделот што Филип Морис го применува во Грција.
Тутунарите кои произведуваат ситнолистен тутун на оние посиромашни почви, ќе дојде до израз нивниот труд дури тогаш.
Дончо Милески.


„Ако се примени моделот на Филип Морис како во Грција, да откупи 10 милиони килограми, значи дека понудата на ориенталниот тутун ќе биде многу помала од побарувачката на откупните фирми, според тоа тутунарите кои произведуваат ситнолистен тутун на оние посиромашни почви, ќе дојде до израз нивниот труд дури тогаш“, додава Милески.

А, годинава е намален обемот на тутунопроизводство поради намалената побарувачка на откупните фирми. Според тоа во однос на ланските 31000, годинава потпишани се договори за обем на производство на ниво на цела држава од 5000 тони помалку. За ова придонесуваат многу препораките на Светската здравствена организација до владите на 178 држави-членки, да не се стимулира тутунопроизводството, да не се даваат репроматеријали, со цел да редуцира ова култура.

„Ние ќе го произведуваме бидејќи СЗО не најде алтернатива за тутунот, барем на оние посиромашни почви. Претежно овде во Македонија: Прилеп, Радовиш, Конче, дел од струмичкиот, дел од велешкиот регион, нема друга алтернатива. Ние првин страдаме за вода за пиење, нашата акумулација има само 5 милиони и 800 илјади метри кубни вода“, вели Милески.

Според него, прилепските тутунарите немаат избор, но тоа не е случај со производителите во битолско, каде условите се многу поповолни, за да се сади крупнолистен тутун, да се врати сончогледот и други градинарски култури.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG