Достапни линкови

logo-print

Секојдневието во Тетово нарушено поради шпекулации


Тетово.

Тетово.

По случувањата во Куманово се одложија неколку културни настани во Тетово, а меѓу граѓаните се шират невистини шпекулации кои го зголемуваат стравот.

Случувањата во Куманово делумно се одразија во секојдневието во Тетово, каде поради безбедносни причини се одложија неколку настани на кои требаше да присуствуваат поголем број луѓе. Здружението за култура и уметност Иљо Антески Смок ги одложи на неодредено време сите настани кои беа планирани за неделава со кои требаше да се прослави патронатот.

Не ми се допаѓа што се шират разни дезинформации. Дезинформациите се најголемиот проблем кај сите граѓаните. Се надеваме дека ќе се смират сите овие работи, ќе престанат и самите тие дезинформации и дека ќе можеме да продолжиме со активностите.

Исто така се одложи и настанот на Државниот универзитет во Тетово, каде што требаше да присуствуваат премиерот на Албанија, Еди Рама и заменик премиерот на Косово, Хашим Тачи. Тие на церемонијата требаше да добијат титула почесни доктори на науки.

Милорад Хаџи Ѓорѓески од Здружението Иљо Антески Смок, вели дека родителите на децата актери и изведувачи на детски драми и концерти, поради страв за нивната безбедност, побaрале настанот да биде одложен. Според него, во голема мера за тоа влијаеле лажните информации кои се објавуваа на интернет портали дека полициска акција се случува во Тетово и дека има предвидувања за некакви терористички напади во околината.

Во врска со шпекулациите меѓу граѓаните дека постои ограничување на движењето кон Кале и Бањиче, би кажала дека тоа не е вистина. Постојат луѓе кои редовно си одат кон Калето и ја одржуваат својата планинарска кондиција. Исто така и една кафеана која работи на Калето функционира нормално сè до доцните вечерни часови.

„Во Тетово се живее добро, нема никакви проблеми. Но, воедно, не ми се допаѓа што се шират разни дезинформации. Дезинформациите се најголемиот проблем кај сите граѓаните. Се надеваме дека ќе се смират сите овие работи, ќе престанат и самите тие дезинформации и дека ќе можеме да продолжиме со активностите“, смета претседателот на Здружението.

Тетовското Кале, односно ридот Балтепе над градот, каде во 2001 година се одвиваа вооружени престрелки и овој пат се најде во комуникацијата на граѓаните. Ридот е место каде секојдневно се оди за пешачење или трчање, но се појавија шпекулации дека полицијата го забранила движењето натаму.

Снежана Новаковска од планинарскиот клуб Тетекс вели дека нивните членови исто така слушнале за шпекулациите кои се покажале како неточни.

„Во врска со шпекулациите меѓу граѓаните дека постои ограничување на движењето кон Кале и Бањиче, би кажала дека тоа не е вистина. Постојат луѓе кои редовно си одат кон Калето и ја одржуваат својата планинарска кондиција. Исто така и една кафеана која работи на Калето функционира нормално сè до доцните вечерни часови“, вели Новаковска.

Од тетовската полиција информираа дека не се забележани некои промени околу безбедноста на граѓаните.

XS
SM
MD
LG