Достапни линкови

Преку бизнис до унапредување на соживотот во Тетово


Секојдневната комуникација на тетовци со луѓе од друга етничка припадност, пред сè поврзана со остварувањето егзистенција, овозможува градење на соживотот меѓу различните култури во градот.

Секој тетовец во текот на денот на работно место, во соседството, во продавница или на пазар има прилика да поразговара со човек од друга етничка заедница. Оваа секојдневна комуникација, пред сè поврзана со остварувањето егзистенција, овозможува градење на соживотот меѓу различните култури во Тетово. Во градот под Шар Планина живеат луѓе од сите заедници кои се споменуваат во Уставот (Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Бошњаци), а со оглед на разни здруженија кои постојат, познато е дека живеат Црногорци, Хрвати, Бугари и уште неколку заедници.
Нас бизнисот, фактички адвокатурата, нè спои.
Александар Симјановски, адвокат.

Приватните фирми во Тетово се местата каде најмногу се зближуваат луѓето од големиот број етнички заедници, а со тоа го унапредуваат мултикултурниот соживот во овој регион. Постојат многу примери каде сопствениците се од една, додека вработените од останатите етнички заедници.
Александар Симјановски, адвокат од Тетово.
Александар Симјановски, адвокат од Тетово.

Дека ваква е сликата ни потврдуваат адвокатите Александар Симјановски и Мерџан Даути, Македонец и Албанец, сопственици на единственото адвокатско друштво каде се вработени уште неколку лица со различна припадност.
Ние не разликуваме национална база, ниту гледаме да имаме некое знаме дали албанско, дали македонско, туку целта е да се решаваат нашите проблем.
Мерџан Даути, адвокат.

Со оглед дека во Тетово постојат 10-тина етнички заедници, таква е состојбата и со кадровскиот потенцијал на фирмите. Се вработува според потребите, поради капацитетот или способностите, објаснува Александар Симјановски.

„Нас бизнисот, фактички адвокатурата, нè спои првично со едно заменување на судење, после контакти заеднички со сработени предмети доведе да формираме адвокатско друштво коешто има белег на мултиетничност како што се општеството и градот и нашава држава“, вели Александар Симјановски.
Мерџан Даути, адвокат од Тетово.
Мерџан Даути, адвокат од Тетово.

Фокусот е ставен на секојдневната работа, надминување на потешкотиите и унапредувањето. Кој што е по националност не е важно, вели Мерџан Даути.

„Најбитно за нас е професионално да ги завршуваме нашите задачи, нашите обврски кон клиентите. Ние не разликуваме национална база, ниту гледаме да имаме некое знаме дали албанско, дали македонско, туку целта е да се решаваат нашите проблем“, вели Мерџан Даути.

Кога заеднички се обезбедува егзистенцијата, покрај работата се споделуваат и приватните моменти, па луѓето се зближуваат, велат овие двајца млади тетовци.

„Нашите семејства се зближија, се дружат, сопругите, децата, неговата мала ќерка почна да учи македонски, моите две деца учат албански. Значи паралелно, како што знае поголемиот син да брои на македонски до 10, знае и на албански“, вели Александар.

Покрај во приватните фирми каде се забележува главниот белег на Тетово, мултиетничкиот карактер, слична е сликата и во голем број здруженија на граѓани и невладини организации и слични асоцијации.
XS
SM
MD
LG