Достапни линкови

Мултикултурна дружба на стотина основци


Сто деца од 24 основни училишта од 8 општини во Македонија, припадници од сите етнички заедници, во Охрид учествуваа на летен камп како дел од проектот за интегрирано образование.

Стотина дечиња од сите националности од неколку основни училишта во Македонија, надминувајки ги предрасудите и стереотипите едни за други покажаа дека заедно можат повеќе.
Ние децата сме иднината на оваа држава Македонија. Ние сме овде да ги разрешиме конфликтите помеѓу етничките заедници во оваа наша држава и да покажеме дека можеме да се дружеме и дека сето тоа може да биде добро.

Пеејки албански, македонски, турски, ромски, српски песни им ги стоплија срцата и на нивните наставници со кои заедно во Охрид под мотото „Заедно можеме повеќе„ беа дел од летен камп како дел од проектот за интегрирано образование на македонското Министерство за образование. За голем дел од нив кои доаѓаат од чисто етнички средини дружењето со нивните врсници им помогнало да научат по некој збор и од јазикот на другиот, да остварат нови другарства, за кои велат дека ќе траат вечно.

„Сите се дружиме, си зборуваме, си разменуваме свои мислења. Зборуваме за нешто што не сме го знаеле, а сега го знаеме“, вели еден ученик.
Ова е еден од најефектните проекти и во вакви проекти треба да се вложува се повеќе и повеќе, во нешто кога придобивките ќе ги видиме за неколку години. Целта да направиме добар соживот и мулти културно живеење за сите без било какви предрасуди и поделби.

„Ние децата сме иднината на оваа држава Македонија. Ние сме овде да ги разрешиме конфликтите помеѓу етничките заедници во оваа наша држава и да покажеме дека можеме да се дружеме и дека сето тоа може да биде добро“.

„Се дружевме, игравме игри, пеевме. Научивме дека сите луѓе се исти“.

И наставниците со свои искуства од проектот и неколкудневното дружење.

„Првите два три дена децата беа повлечени и не зборуваа меѓу себе. Но ден по ден сфатија дека тие се деца. Многу побргу децата се зближуваат отколку постарите“, вели Санела Емин наставник по ромски јазик и култура во училиштето „Браќа Рамиз и Хамид“ во Шуто Оризари.

„Ова е еден од најефектните проекти и во вакви проекти треба да се вложува се повеќе и повеќе, во нешто кога придобивките ќе ги видиме за неколку години. Целта да направиме добар соживот и мулти културно живеење за сите без било какви предрасуди и поделби“, вели Зоран Јовановски педагог во училиштето „Гоце Делчев“ во Тетово.

Задолжлен за музичкиот дел беше наставникот Агим Исмаили наставник по музичко во училиштето „26 јули“ во Скопје. Тој децата ги научи да испеат барем една песна од сите националности

„За три четири дена децата научија песни и на македонски и на албански, влашки, ромски, турски, српски. Децата се деца и многу брзо учат. Нема поубаво нешто, немам зборови, се чустувувам прекрасно“ вели Агим Исмаили наставник по музичко.

Координаторот на проектот Викторија Енѓула очекува проектот во иднина да се прошири и на регионално ниво.

„Тоа ни е како идеја. Бидејки за ова се заинтересирани и од страна, а и Европа е заинтересирана за ова. Засега сме први во овој проект„ вели Енѓула.
XS
SM
MD
LG