Достапни линкови

logo-print

Мултикултурализмот сè уште предизвик


Илустрација - средношколци.

Илустрација - средношколци.

Проблемот на мултикултурализмот е сè уште голем проблем кај нас кој ги отежнува европските интеграции и политичката стабилност на земјата, затоа, се јавува потреба за реализирање на програми кои ќе ги поттикнуваат младите меѓусебно да се запознаваат.

Завршувањето на проектот финансиран во рамките на Европскиот инструмент за човекови права насловен „Преку младински активизам кон соживот на различностите во заедницата“ покажува позитивен пример за ефективна имплементација на неформалната интеркултурна едукација во насока на креирање безбедна зона за мултиетничка интеракција како континуиран процес насочен кон одржлив мир и развој на локално и на глобално ниво.
Јавните акции ги охрабрија младите да ја изразат својата креативност, отворено да зборуваат со проблемите со кои се соочуваат и да посочат решенија и алтернативи за нивно надминување.

Целта и методологијата на работа се покажа многу ефективна и ја унапреди креативноста, функционалноста на граѓанскиот активизам меѓу младите луѓе од неколку етнички групи во училиштата и надвор од нив, велат реализаторите на проектот.

„Јавните акции ги охрабрија младите да ја изразат својата креативност, отворено да зборуваат со проблемите со кои се соочуваат и да посочат решенија и алтернативи за нивно Рлаф Брет.

Рлаф Брет.

надминување“, рече Александра Галевска, координатор на проектот.

Проектот е реализиран со две целни групи. Првата група ја сочинувале 16 студенти од општествени науки и педагогија од Скопје и од Тетово, а втората околу 200 средношколци од различни припадности од мултиетничките училишта „Арсениј Јовков“ и „Здравко Цветковски“ од Скопје и „8 Септември“ од Тетово кои преку 32 работилници ги зајакнувале своите мултиетнички капацитети.
Нашата мисија активно работи на создавање на безбедни училишта и средини поддржувајќи воншколски активности.

Целта е да се создаваат средини во кои учениците ќе се чувствуваат безбедно и ќе бидат мотивирани да учат, рече амбасадорот на ОБСЕ Ралф Брет, најавувајќи проекти кои ОБСЕ ќе ги преземе во насока на, како што рече, создавање на чувство за граѓанска припадност.

„Нашата мисија активно работи на создавање на безбедни училишта и средини поддржувајќи воншколски активности. Шестотини ученици ќе бидат обучени да работат како медијатори во решавање на конфликти меѓу нивните врсници, неодамна почнавме проект во соработка со Министерството за образование и наука. Проектот ќе биде насочен кон локалните заедници и припадниците на различни етнички заедници.“

Иницијативата за овој проект ја даде женската граѓанска асоцијација Антико, а програмата за мултикултурализам која ја развива оваа асоцијација е, како што велат, производ на нивна десетгодишна работа на локално и на национално ниво. Проблемот на мултикултурализмот е сè уште голем проблем кај нас кој ги отежнува европските интеграции и политичката стабилност на земјата, велат од Антико. Затоа, се јавува потреба за реализирање на програми кои ќе ги поттикнуваат младите меѓусебно да се запознаваат, да ги запознаваат своите култури, вредности и други сличности.
XS
SM
MD
LG